text size
Алгоритмите на социјалните мрежи ме познаваат подобро отколку што се познавам самата. Кој би рекол дека ќе пронајдам толкава радост во гледањето „Љубов кон луксузот“ (Love Luxury), препродавач на чанти со Јутјуб канал, кој обично прикажува очајни жени што се обидуваат да продадат „Биркин“ чанти добиени од поранешни љубовници? „Едноставно е премногу болно да ја задржам“, вели една од нив. „О, а уште ѝ стојат и етикетите… можам ли да добијам 50.000 долари за неа?“