text size
Според извештаите од индустријата на пијалаци и нејзините најголеми актери, но и од секојдневната барска практика, коктел-сцената влегува во фаза во која не се менува само тоа што се пие туку и кога и како се пие. Така, покрај леснотијата во чашата, ова лето носи и јасна промена во навиките. Се пие попромислено, со поголеми очекувања кога станува збор за квалитетот и состојките, но и со сè поизразен премин кон дневни средби и дружења.