text size
Кулинарските експерти ги претставија листите што се очекува да го променат начинот на кој купуваме, готвиме и разговараме за нашето мени во годината што доаѓа. Очекувано, во извештаите доминираат производи што нудат функционални придобивки, транспарентно потекло и автентичен вкус, но по малку неочекувани се прогнозите дека потрошувачите сè повеќе ќе бараат носталгија во тоа што го јадат, а со тоа и значително ќе расте пазарот на производи што ги спојуваат традиционалните рецепти со современите нутритивни вредности.