text size
Луксузниот бутик „Тифани“ (Tiffany & Co.) во миланската улица „Виа Монтенаполеоне“ е прогласен за најубавиот продажен простор во светот за оваа година (World’s Most Beautiful Emporium 2025). Наградата, која ја доделува „При Версај“ (Prix Versailles), со поддршка на УНЕСКО, е меѓу најзначајните меѓународни признанија во областа на архитектурата и дизајнот за комерцијални и јавни простори. Таа се доделува во повеќе категории, од хотели и ресторани до аеродроми, при што жирито ги вреднува естетиката, иновацијата и функционалноста, односот кон локалниот контекст, еколошката одржливост и целокупното корисничко искуство. Во изборот се најдоа 72 проекти од 25 земји, а заедничко им е тоа што или неодамна биле реализирани или поминале низ реконструкција.