Глобалната фитнес-индустрија, која годинава е проценета на 121,58 милијарда долари, се соочува со суптилна, но значајна промена. Сè повеќе луѓе ги напуштаат класичните тренинзи со загревање и истегнување и преминуваат на таканаречено вежбање во кратки интервали (exercise snacking), концепт што подразбира кратки налети на физичка активност со умерен до висок интензитет, кои траат пет минути или помалку и кои можете да ги вклопите во кој било дел од денот.
Трендот се појавува како одговор на хроничниот недостиг од време и растечката свесност за штетите од долготрајното седење, а компаниите за фитнес-апликации и корпоративни велнес-програми веќе го приспособуваат својот бизнис-модел кон оваа нова реалност.
Она што започна како едноставен совет од научните кругови (неколку минути движење повеќепати дневно) прераснува во стратегија што ветува подобра продуктивност, пониски здравствени трошоци и попристапна форма на физичка активност. Вежбањето во кратки интервали станува фитнес-формула што дефинитивно се вклопува во модерниот начин на живот, но дали навистина може да го замени конвенционалниот начин на вежбање?
Прочитај повеќе
Уредот за следење на здравјето знае дека не сте спиеле добро. Дали тоа помага или одмага?
Прстенот „оура“ и часовникот „епл“ сè попрецизно ги следат нашиот сон, пулс и стрес, но дали тие податоци навистина ни помагаат да бидеме поздрави или нè туркаат во дополнителна анксиозност?
30.01.2026
Не е лесно да се живее здраво!
Зад трендовите со суплементи, капки за очи и паметни душеци, магични таблети и велнес-стартапи, оваа приказна потсетува дека најсилниот „трик“ за здравје и понатаму е старомоден: сон, движење, исхрана.
16.11.2025
Колку „тежи“ фитнес индустријата и кои се новите трендови?
По пандемиските нарушувања и инфлаторните притисоци, 2024 година означи враќање кон оперативна нормализација и стратешка еволуција.
08.07.2025
Експертите велат дека секое движење во текот на денот треба да се поздрави и поддржи, без разлика дали станува збор за мода или рутина. Истовремено, тие истакнуваат дека трендот добива и научна поддршка, особено за луѓе што од различни причини не можат да практикуваат класичен тренинг. Според нив, дури и малите активности, како качување по скали наместо користење лифт, неколку вежби со клекнувања за време на ТВ-рекламите, брзо одење до продавница наместо лежерна прошетка или спонтани моменти на движење додека се пие кафе на пауза значително ја зголемуваат дневната физичка активност.
„Кога станува збор за придобивките, нормално е дека ги има. Со секое движење го подобруваме кардиоваскуларното здравје, се намалува негативниот ефект од долготрајното седење, полесно се создава навика за почесто движење, а, според мене, исто така многу е важно тоа што се подобруваат расположението и фокусот“, вели Елена Бубало Михајловска, тренерка и соосновачка на фитнес-платформата „Фит бај Бубало“ (Fit by Bubalo), прва на македонскиот пазар што почна да нуди тренинг-програми со соодветна претплата.
Елена Бубало Михајловска/Лична архива
Објаснувајќи како кратките мини-вежби можат да се вклопат во секојдневието и колку често е добро да се практикуваат, за кого е најсоодветен овој пристап, кои активности носат најголема придобивка, но и какви ограничувања треба да се имаат предвид, Михајловска за „Блумберг Адрија“ издвојува шест клучни работи што треба да ги знаете за овој тренд.
1. Не може да го замени класичниот тренинг
Најважна е целта. Ако сакате зголемување на мускулната маса, сила или издржливост, тогаш овој тренд не е најсоодветен и ќе ви треба класичен, структуриран тренинг. Но ако сакате само да го подобрите општото здравје, неколку вежби за грб и врат и кратки скокања со јаже за одржување мала кондиција ќе бидат доволни.
2. Совршен избор за почетници
Овој пристап е најсоодветен за луѓе со седечка работа што малку се движат во текот на денот, за родители со мали деца што немаат време за себе, за почетници што се плашат да почнат да вежбаат, како и за постари лица, доколку нивната здравствена состојба го дозволува тоа.
3. Повеќе од три сесии за вистински ефект
Од четири до седум сесии дневно по пет минути, распоредени според вашите обврски, е прифатлива рутина. На пример: пет минути утринско загревање штом ќе станете од кревет, па пет минути вежби со стапче на работа за намалување на тензијата во грбот, потоа пет минути на канцелариското столче за активирање на мускулите на нозете, следно пет минути качување по скали, по ручекот брзо пешачење наместо прилегнување и на крајот едно убаво истегнување пред спиење.
4. Изведбата е најважна
Најефективни се кратките вежби што активираат повеќе мускулни групи, како седнување и станување од ниско столче, исчекори, склекови на земја или на ѕид, разни пленк (plank) позиции, качување по скали, вежби со стапче, брзо одење или користење домашни апарати како велосипед, степер или скокање јаже. Особено е важна правилната изведба на овие движења, па треба да се внимава на техниката.
Не, не мислиме на оваа ужина | Depositphotos
5. Клучот е во исхраната
Слабеењето главно е поврзано со исхраната, па ефектот зависи од вкупниот дневен внес на калории и колку од нив телото ќе ги согори. Кратките вежби помагаат бидејќи ја зголемуваат дневната енергетска потрошувачка, но постои едно златно правило: не можеме да потрошиме повеќе калории отколку што сме во состојба да изедеме.
6. Секое движење се брои, но внимавајте на ризиците
Секое движење носи одреден ризик - од едно качување по скали до неправилна изведба на вежба, особено ако телото е кревко и мускулната маса слаба. Лицата со кардиоваскуларни заболувања треба да бидат особено претпазливи и претходно да се консултираат со лекар. Ограничување е и времето. Со овој фитнес-тренд нема класично загревање и истегнување и веднаш се започнува со активноста, па вниманието е клучно. И на крајот, ова не е доволен метод сам по себе за постигнување одреден резултат, но секое дополнително движење во денот е вредно, а телото е благодарно.