text size
Заситеноста од екрани, постојаното проверување известувања и чувството дека мораме постојано да бидеме достапни го исцрпуваат нашиот ум повеќе отколку што сакаме да признаеме. На тоа се надоврзува и тивкиот придружник на современото време – ФОМО (fear of missing out - страв дека нешто ќе пропуштиме), израз што во 2004 година го воведе тогашниот студент на бизнис-школата Харвард Патрик Џ. Мекгинис, но кој всушност опишува многу постара човечка потреба за припадност и страв од исклученост.