Меѓу големиот број рангирања на урбани центри, особено се издвојува листата „Европски најдобри градови“, која секоја година носи избор на сто најдобри града на Стариот Континент, обидувајќи се да одговори на навидум едноставно, но всушност комплексно прашање – каде денес најдобро се живее, работи и се планира иднината. Овој избор не е замислен како уште еден туристички водич, ниту се потпира само на впечаток и репутација.
Анализирани се повеќе од 180 европски града, со над 500.000 жители, преку низа параметри што ги опфаќаат квалитетот на живот, деловните можности, инфраструктурата, културната и угостителската понуда, образованието и вкупната привлечност за живот и инвестиции. Резултатот е рамка што ги обединува квалитетот на секојдневието, емоционалната и културната привлечност, како и економскиот потенцијал.
Најдобри градови не се нужно најголемите или најбогатите, туку оние што успеваат да понудат баланс меѓу работата и животот, традицијата и иновациите, динамиката и секојдневниот комфор. | Miles Willis/Bloomberg
Врвот на листата и причините за доминација
За најдобар град во Европа за 2026 година е прогласен Лондон, бидејќи доминира во низа категории - од образование и ноќен живот до економски потенцијал. Во 2024 година оваа метропола забележа рекордна туристичка потрошувачка од речиси 18,9 милијарди евра, надминувајќи дестинации како Њујорк и Дубаи.
Прочитај повеќе
Дигитален детокс во Словенија: најубавите оази каде што нема да сакате сигнал
Во светот на постојани известувања и непрекината достапност, исклучувањето од екранот станува вистинска реткост. Токму затоа сè повеќе луѓе бараат излез во природата, каде што сигналот стивнува, а мислите се смируваат: еве предлози за кратки патувања во близина.
29.03.2026
Зошто Финска деветти пат е прогласена за најсреќна земја во светот?
Земјата во која има повеќе сауни отколку автомобили деветта година по ред е прогласена за најсреќна во светот. Еве што можеме да научиме од нивниот однос кон природата како исцелителка.
28.03.2026
Пролетно патување на Балканот: шест идеи за долг викенд
Ако сакате да земете неколку дена одмор, Балканот нуди дестинации кои се релативно блиску, но честопати незабележани. Во време на откажувања на летови поради политички конфликти, многумина се свртуваат кон домашниот туризам, кој често е попристапен.
20.03.2026
Феноменот „сет-џетинг“ - сè повеќе патници планираат одмор поради нивните омилени серии
Феноменот „сет-џетинг“ добива на интензитет: сè повеќе патници од генерацијата зед и миленијалците планираат одмори врз основа на нивните омилени ТВ емисии и филмови, од Салцбург до Сицилија и Азија.
28.02.2026
Осум идеи за романтичен краток одмор за двајца
Ако резервацијата ја правите во последен момент, уште подобро – искуството нè учи дека спонтаните патувања често се паметат подолго од внимателно испланираните! Еве осум адреси што нудат поголема вредност за помалку пари.
14.02.2026
Жирона, град што по грешка го одминуваме кон Барселона: Водич за идеален викенд
Илјадници луѓе секојдневно слетуваат на аеродромот „Жирона–Коста Брава“ со една идеја на ум – Барселона.
19.02.2026
Мали задоволства од париските супермаркети
Чипс со различни вкусови, багет, десерт и шунка.
20.07.2025
Погледнете ги становите во Париз чија цена е 55 илјади евра по квадратен метар
Луксузни мермерни кујни, кристални лустери, целодневна хотелска услуга, историска зграда во која шетал Наполеон...
12.03.2025
Осум непознати факти и приказни за Ајфеловата кула
Ако Париз е една од вашите омилени дестинации, несомнено ќе ви бидат интересни овие приказни за Ајфеловата кула, кои малкумина ги знаат.
23.12.2024
„Нотр Дам“ одново доминира во париската панорама, но на контроверзиите им нема крај
На свеченото отворање викендов се очекува присуство на околу 50 светски лидери, чиј домаќин ќе биде Емануел Макрон.
06.12.2024
Дополнително, хотелскиот сектор и пазарот на недвижности влегуваат во нова фаза на развој, со силен интерес од странски инвеститори, особено од САД, кои станаа најголема група купувачи на луксузни недвижности во градот. Лондон минува и низ една од најголемите урбанистички трансформации во својата историја, со стотици планирани проекти што ги поврзуваат финансиите, науката и домувањето.
Затоа не е случајно што повеќе од една деценија ја носи титулата најдобар град во светот во глобалното издание на листата, што јасно говори за неговата привлечност за живот и работа.
Статуата на војводата од Кембриџ и зградата на Владата на Вајтхол во Лондон/Фото: Zula Rabikowska/Bloomberg
Веднаш зад британската престолнина се наоѓа европската класика - Париз, кој и натаму го потврдува статусот на гастрономско и културно средиште на континентот, додека по него следува Берлин на третото место. За многумина животот во Италија и натаму е сон, што го потврдува и податокот дека меѓу првите 20 града се наоѓаат дури два италијански претставника.
Интересно е, сепак, што Рим (4) е подобро позициониран од Милано (18), иако главниот град на Ломбардија често се опишува како „економски мотор“ на Италија.
Изненадување на ранг-листста - Милано е зад Рим/Tamara Kostić/Bloomberg Adria
Причината е во поширокиот спектар на критериуми: Рим доби високи оценки благодарение на културното наследство, туристичката привлечност и силниот идентитет што привлекува милиони посетители секоја година. Големите настани и обновата на урбаните простори дополнително ја зајакнуваат неговата позиција.
Милано, пак, иако е исклучително силен во деловен и инфраструктурен аспект, освои повеќе поени во сегменти како транспорт и деловни настани отколку во емоционалната привлечност на градот. Генерално, во првите сто места се најдоа дури седум италијански града, што зборува за трајната привлечност на оваа земја, која успева да ги спои традицијата и современиот начин на живот.
Виена не ја губи својата рамнотежа/Tamara Kostić/Bloomberg Adria
Меѓу имињата што речиси по правило заземаат високи позиции се наоѓа и Виена. Нејзиниот успех не е случаен, бидејќи со години се смета за еден од најудобните градови за живот, благодарение на стабилната инфраструктура, високото ниво на безбедност, развиениот јавен превоз и богатиот културен живот.
Дополнително, располага со многу зелени површини, квалитетни училишта и силен здравствен систем, поради што е особено привлечна за семејства и меѓународни професионалци.
Силата на економијата и подемот на регионалните градови
Кога ќе се погледнат земјите со најмногу претставници на листата, јасно е дека предничат големите европски економии. Обединетото Кралство има најмногу градови меѓу првите 100, дури 18, додека Германија следува со 16, а Франција со десет града.
Овие бројки покажуваат колку е силна врската меѓу економскиот развој и урбаната привлечност. Затоа што таму каде што има инвестиции, инфраструктура и образование има и градови што привлекуваат луѓе од целиот свет.
Париз на второ место/Tamara Kostić/Bloomberg Adria
За читателите од регионот особено е интересно што на листата се наоѓа и Загреб, кој го зазема 86. место. Неговата позиција е резултат на комбинација од солидна инфраструктура, стабилен урбан развој и растечка туристичка привлечност, но и сѐ поголем број гастрономски содржини што го прават атрактивен и за живот и за посета.
Како што се наведува, особено се издвојува по пријатната клима, четврта најдобра во Европа, како и по живата културна сцена. Важен сегмент во неговото рангирање е и шопингот, кој се вбројува меѓу подобрите во Европа.
Иако регионалните градови сѐ уште ја немаат силата на големите западноевропски центри, нивното присуство на листата покажува дека постепено се вклучуваат во пошироката европска приказна.
Туристи пред луксузната продавница за часовници „Бухерер“ во Цирих/Arnd Wiegmann/Bloomberg
Листата носи и низа интересни детали што покажуваат колку градовите денес меѓусебно се натпреваруваат во различни области. Така, во многу од нив е видлив трендот на вложувања во одржлива мобилност. Велосипедските патеки, пешачките зони и намалувањето на сообраќајот стануваат нови симболи на модерниот урбан живот.
Во тој сегмент особено се издвојуваат швајцарските градови Женева, Цирих, Базел и Берн, а ги следат Копенхаген, Амстердам, Торино, Марсеј, Нант и Бон. Благодарение на долгорочното ограничување на автомобилскиот сообраќај и вложувањата во одржливи начини на движење, некои од овие градови се и меѓу оние со најчист воздух.
Сепак, во таа категорија, на самиот врв се наоѓа Талин, кој наедно се издвојува и како прв во Европа по квалитетот на јавниот превоз.
Туристички брод поминува покрај ресторани во популарното пристаниште Нихавн во Копенхаген, Данска | Hilary Swift/Bloomberg
Дигитални траги и репутација
Интересно е што при рангирањето сѐ повеќе се земаат предвид и дигиталните траги што ги оставаат посетителите и жителите. Бројот на пријавувања на Фејсбук, објавите на Инстаграм и Тикток, како и популарноста на градовите при пребарувањата на Гугл трендс и на Редит, станаа важни показатели за нивната привлечност и глобална видливост.
Овие податоци им помагаат на аналитичарите да проценат колку се зборува за одреден град, колку се фотографира и колку ги инспирира луѓето да им го препорачуваат на други, што денес претставува еднакво важен индикатор за успех како и традиционалните туристички или економски параметри. Така, на пример, Рим се издвојува како еден од најпребаруваните градови на интернет, заземајќи го третото место на листата на Гугл трендс, додека Барселона ја држи високата трета позиција според бројот на објави на Инстаграм.
Хотели и историски згради во улицата Нерудова во Прага/Milan Jaros/Bloomberg
Романтична Прага исто така останува меѓу дигиталните фаворити, сместена на деветтото место според истиот критериум. На Тикток апсолутна доминација има Истанбул, кој предничи по бројот на видеа (но и по привлечноста за шопинг), додека меѓу градовите што сѐ почесто се појавуваат во дигиталните пребарувања се и Неапол на 13. место и Бирмингем на 17. позиција. Ниту медитеранска Малага не заостанува многу, бидејќи се најде на 32. место според интересот на Гугл трендс, потврдувајќи дека популарноста на мрежите често најавува и зголемена туристичка привлечност.
На крајот, она што листата на 100 најдобри европски града ја прави интересна не е само редоследот туку и приказната што ја раскажува за Европа денес. Најдобри градови не се нужно најголемите или најбогатите, туку оние што успеваат да понудат баланс меѓу работата и животот, традицијата и иновациите, динамиката и секојдневниот комфор. Токму затоа ваквите рангирања служат како добар показател каде и како луѓето денес сакаат да живеат и работат.