text size
На традиционалните листи на најдобри божиќни базари, освен Адвент во Загреб, кој традиционално го држи првото место како најдобар божиќен базар во Европа, Рига во Летонија петта година едноподруго нуди најдобра вредност за божиќните празници. Според традиционалниот извештај на „Бритиш пост“ (British Post Office Travel Money), високата позиција е резултат на евтините летови од повеќето европски дестинации и на конкурентните цени за сместување.