Кога некој ќе каже дека Барселона е најубавиот град во светот, не мора да значи дека претерува. Овој град има доволно аргументи за да ја потврди таа теза. Барселона ги обединува естетиката на медитеранскиот дух и урбаната енергија на метропола – секоја улица, плоштад и фасада изгледаат како да се од разгледница. Ни Париз, ни Лондон, ни Истанбул не можат да се пофалат со таков склад.
Градот го носи печатот на генијалниот архитект Антонио Гауди – со величествената Саграда Фамилија (Sagrada Família), Парк Гуел (Park Güell), Каза Батљо (Casa Batlló) и легендарната Ла Рамбла (La Rambla). Тукас се и најоригиналниот фудбалски клуб на светот, Барселона, и некогашниот најголем европски стадион „Камп ноу“ (Camp Nou). Но зад славните симболи се кријат и места што лесно се занемаруваат, а вреди да се откријат.
1. Ел Борн – срцето на вистинската Барселона
Прочитај повеќе

Каталонија помеѓу светска слава и недосонувана независност
Барселона е град што балансира помеѓу светската слава и политичките немири.
03.10.2025

Коста Брава нуди луксузен одмор по поволни цени
Коста Брава нуди луксуз без многу да ја оптовари сметката. Платја д’Аро, близу Барселона, со чисти плажи, гастро-сцена и излети до музејот на Дали и Андора - совршен летен избор.
05.09.2025

По три години, повторно стартува авиолинијата Скопје - Барселона
На релацијата Скопје - Барселона ќе има летови двапати неделно, во ворник и во сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и во сабота.
28.04.2025

Ренесанса на градежништвото во фудбалот - преку модерни стадиони до раст на приходите
Половина од 20-те најбогати фудбалски клуба во Европа градат нови стадиони или ги модернизираат постојните. Целта е поголем раст на приходите.
19.03.2025

Барселона ќе забрани краткорочно изнајмување станови
Барселона планира да воведе забрана низ градот за краткорочно изнајмување недвижности.
27.06.2024

Проблем со премногу туристи? Барселона ги фрла под автобус
Дали дестинацијата првенствено е наменета за оние што живеат таму или за целиот свет?
05.05.2024

Најдобриот бар во светот е во Барселона
Најдоброто место за уживање во пијалок во светот во моментов е Барселона.
21.10.2023
Дури при третиот престој сфатив дека токму Ел Борн (El Born) е најубавиот дел на градот. Оваа четврт ја доловува вистинската атмосфера на Барселона. Камените тесни улички кријат кафулиња и мали галерии, а зад секој агол се отвора нова приказна – од готската црква „Санта Марија дел Мар“ (Santa Maria del Mar) до скриените тапас-барови каде што вечерите течат полека и живописно.
Ел Борн е онаа вистинска Барселона | Bloomberg Adria
2. Ла Бокерија – пазар што станува фестивал
Кога ми рекоа дека одиме на пазар, мислев дека ќе изгубам половина ден. Се излажав. Ла Бокерија (La Boqueria) е пазар од поинаков тип – спој на пазар, трговски центар и ресторан, живописен мозаик од бои, мириси и вкусови.
Пазар од поинаков тип | Bloomberg Adria
Тука ќе најдете егзотично овошје, свежи морски плодови, шпански пршути хамон (jamón) и сирења, како и барови во кои можете да застанете, да јадете и да го почувствувате пулсот на Барселона. Тоа не е пазар, тоа е фестивал што мора да се доживее.
3. Ридот Монжуик – отворен музеј на небото
Во распоредот на престојот, Парк Гуел речиси секогаш има предност пред Монжуик (Montjuïc), и тоа со право – Гауди е Гауди. Но прескокнувањето на ова ридско чудо би било голема грешка.
Олимписки рид | Bloomberg Adria
Монжуик ја прикажува Барселона како град што знае да ги спои старото и новото. На врвот е тврдината, во подножјето Националниот музеј на каталонската уметност, а меѓу нив – Олимпискиот стадион, кулата на Калатрава и жичницата со панорамски поглед. Сето тоа го прави Монжуик вистински спектакл под отворено небо.
4. Ел корте инглес – шопинг со доза на носталгија
Трговските центри речиси целосно ги потиснаа старите стоковни куќи, но во Барселона може да се почувствува враќање во минатото. „Ел корте инглес“ (El Corte Inglés) на Плаза де Каталуња (Plaça de Catalunya) нè враќа во времето кога одењето во стоковна куќа било вистински настан: облека, обувки, козметика, техника и храна – сè под еден покрив.
Тоа не е само место за купување туку институција на шпанското секојдневие. Носталгијата тука природно се спојува со модерниот луксуз, покажувајќи како еден „заборавен“ модел може совршено да функционира и денес.
5. Ел национал – гастрономски театар на Пасаеш де Грасија
„Ел национал“ (El Nacional) е вистински гастрономски храм сместен во поранешна индустриска хала на Пасеж де Грасија (Passeig de Gràcia) – можеби најубавата улица во Барселона. Влегувањето во овој простор е како чекор во театарски свет посветен на храната.
Поделен е на неколку различни ресторани и барови – од тапас-агол и рибни специјалитети, преку месен ресторан, до бар со вина и коктели. Секој дел има своја атмосфера, но заедно создаваат единствена кулинарска претстава.
„Ел национал“ не е само ресторан туку е и искуство – чаша вино, добар поглед и чувство дека сте во срцето на шпанската култура. Цените се повисоки, но вреди.
И уште нешто...
Барселона има безброј ресторани – за да не се изгубите во изборот, користете ја апликацијата Форк (The Fork), која често нуди значителни попусти.
И сепак, не е сè за препорака. Единственото место што би го избегнал е плажата Ла Барселонета (La Barceloneta) – не сум сретнал никого што таму навистина се чувствувал пријатно.
Погледот од десеттиот кат е еден од најубавите | Bloomberg Adria
Постојан фестивал на националната гастрономија | Bloomberg Adria