Ако сакате нови доживувања, доволно е да ги смените старите навики. Тоа е наједноставното правило на патувањето, а најлесно се применува при избор на летен одмор. Коста Брава е идеална за таков пристап – доволно географски блиску за да не дејствува егзотично, а сепак далеку од балканскиот летен стереотип за одмор.
Тој дел од шпанското крајбрежје, северно од Барселона, нуди цел спектар опции. Со внимателен избор на дестинации, навремени резервации и подготвеност за истражување, можно е да се заокружи едно поинакво летно искуство – она што истовремено носи престиж и поволен буџет. За илустрација, просечната цена за чадор и лежалка во овој регион е поприфатлива отколку на нашиот дел од Јадранот.
Летување на малку поинаква локација / Bloomberg Adria
Платја д’Аро – средно висока категорија по прифатливи цени
Прочитај повеќе

По три години, повторно стартува авиолинијата Скопје - Барселона
На релацијата Скопје - Барселона ќе има летови двапати неделно, во ворник и во сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и во сабота.
28.04.2025

Сара Мишел Гелар знае каде да се пие најдоброто мартини во Фиренца
Гелар оваа пролет соработуваше и со железничката платформа „Трејнлајн“ (Trainline) за да ја промовира кампањата „Билет за летни патувања во Европа“.
30.08.2025

Водич низ Норвешка – природа, градови и необични атракции
Норвешка нуди уникатно летно доживување – од фјордови и езера до живописни градови, со природа, култура и умерени температури далеку од жештините.
16.08.2025

Живот на Сицилија – dolce vita или vita amara?
Најголем активен вулкан во Европа, седум локалитети под УНЕСКО, „Кум“ и „Коза ностра“. Листата на автентични сицилијански карактеристики се протега до недоглед.
13.07.2025
Покрај престижните одморалишта како Багур и Кадакес, препораката за повеќето патници што бараат баланс е Платја д’Аро. Станува збор за летувалиште од повисок среден сегмент, едно од помодерните и поурбаните места на Коста Брава, со шеталиште покрај плажата, голем број ресторани, барови и бутици.
Местото е одличен спој на традиционална и модерна архитектура, беспрекорно уредено и исклучително чисто. Платја д’Аро е и урбана и мирна дестинација што привлекува различни профили на гости: семејства, млади парови, но и публика што бара луксуз со добар сооднос цена-квалитет. Токму тоа ја сместува во категоријата дестинации за уживање – софистицирана, но не и недостижна.
Богата гастрономска понуда за сечиј џеб / Bloomberg Adria
Храна и вино – тапаси, паеља и тисана
За целосно уживање на Коста Брава важно е да се разбере локалниот концепт на тапаси – кај нас познато како мезе. Тапасите во комбинација со препознатливи гастрономски деликатеси му даваат на доживувањето сосема нова димензија.
Шпанците од обичен пржен компир создадоа глобален бренд, „Пататас бравас“ (Patatas Bravas), кој со секој нов сос станува уникатен тапас. Паељата, оригиналното шпанско ризото, е совршен избор да се комбинира со некое од локалните бели вина.
Цените на плажата би можеле да ве изненадат / Bloomberg Adria
Шпанија е винска велесила: прва во светот по површина на лозја, глобален лидер по количеството на производство и втора по извоз. Во последната деценија особено се истакнува скокот во премиум сегментот. Винa од Каталонија и цела Шпанија сè повеќе заземаат место во престижни ресторани низ светот, што придонесува локалната чаша покрај брегот на Коста Брава да има уште поголема вредност.
Светски славната сангрија е задолжителна на секое мени, но домашните гости повеќе ја претпочитаат тисаната, пијалак на база на бело вино. Додека сангријата стана глобален туристички бренд, тисаната остана автентичен локален избор – пософистицирана алтернатива за оние што бараат оригинално искуство.
Коста Брава – шопинг и излети
Покрај плажите и гастрономијата, Коста Брава е идеална и за шопинг. Особено за оние што сакаат да истражат домашни брендови што не се глобално присутни, но нудат врвен дизајн и квалитет. Од бутиците во Платја д’Аро до аутлет-центрите во околината, изборот е огромен и нуди чувство на ексклузивност, кое ретко се наоѓа во масовните туристички дестинации.
Кога ќе здодеат песочните плажи и исклучително чистото море, лесно е да се организира еднодневен излет. Барселона, една од највозбудливите европски метрополи, е оддалечена околу 80 километри. Фигуерас, пак, нуди можност да се посети импресивниот музеј на Дали – задолжителна станица за љубителите на уметноста.
Ако ви здодее плажата, постојат голем број опции / Bloomberg Adria
За оние што бараат уште повеќе ексклузивност, тука е и Андора – малечка држава во Пиринеите, на околу четири часа возење. Освен такс-фри шопинг, Андора летно време нуди единствена глетка – снежни врвови во срцето на летото. Патувањето може да заврши и со преминување во Франција, што едно патување го претвора во културна и туристичка авантура.
Конечна одлука
Коста Брава денес претставува една од ретките дестинации што успешно ги спојуваат луксузот и пристапноста. Тоа е брег на кој престижните адреси коегзистираат со дестинации достапни за поширок круг патници. Од архитектурата и гастрономијата до вината и шопингот, сè е во функција на создавање поинакво летно искуство.
Во време кога цените на класичните медитерански дестинации растат побрзо од понудата, Коста Брава се наметнува како паметна алтернатива. Простор каде што софистицираниот патник може да добие чувство на луксуз без да го компромитира сопствениот буџет.
Токму затоа Коста Брава останува избор за оние што бараат повеќе од обично летување – за патници што сакаат искуство што е престижно и рационално, автентично и модерно, достапно и незаборавно.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...