text size
Организираниот спорт сè почесто се смета за неопходен дел од детскиот раст и развој, пред сѐ за здравјето, но и за градење дисциплина, работни навики и социјализација. Родителите сè почесто го гледаат спортот како инвестиција во физичката и менталната благосостојба на децата, но зад терените, салите, базените стои и финансиска сметка што за многу семејства станува сè потешка.