„Мета“ (Meta Platforms Inc.) известува илјадници вработени дека се отпуштени, како дел од претходно најавената реорганизација насочена кон намалување на трошоците додека компанијата агресивно инвестира во вештачка интелигенција.
Компанијата почнала да ги известува работниците ширум светот во средата наутро, почнувајќи со вработените низ Азија, кои ја добиле пораката во 4 часот наутро по сингапурско време. Се очекува и вработените во САД да бидат известени во текот на утрото, е наведено во интерно соопштение.
Вработените се охрабруваат да работат од дома додека компанијата укинува околу 8.000 работни места на глобално ниво. Се очекува овој последен бран отпуштања особено да ги погоди инженерските и тимовите за развој на производи, а подоцна во текот на годината се можни и дополнителни отпуштања, изјавиле лица запознаени со плановите на компанијата, кои побарале да не бидат именувани бидејќи информациите не се јавни.
Прочитај повеќе
Зделка на „Мета“ од две милијарди долари прекината по интервенција од Кина
Потегот дополнително ги заострува односите меѓу Пекинг и Силициумската Долина и ја менува играта во битката за вештачка интелигенција.
27.04.2026
Вработените во „Мета“ обучуваат ВИ-модели што ќе им ја земат работата
„Мета“ има намера да инсталира софтвер на компјутерите на вработените што ќе ја следи нивната работа за обука на модели со вештачка интелигенција.
24.04.2026
„Мета“ ќе отпушти 10 проценти од вработените за да се зголеми ефикасноста
„Мета“ алудираше на своите трошоци за вештачка интелигенција во меморандумот, кој го напиша Џанел Гејл, главнa службеничка за човечки ресурси.
23.04.2026
„ВИ-перење“: Што стои зад бранот откази во ИТ-секторот
„Мета“ инвестира 135 милијарди долари во вештачка интелигенција, додека „Амазон“ отпушта 16.000 луѓе и покрај рекордните приходи.
22.04.2026
„Мета“ и „Енвидија“ имаат договор за „милиони“ чипови
Со договор за милиони процесори, „Мета“ ја зајакнува врската со „Енвидија“ и ја забрзува изградбата на нова генерација ВИ-инфраструктура.
18.02.2026
„Компании што автоматизираат, како „Мета“, ризикуваат повеќе да не бидат посакуван работодавач бидејќи станува јасно дека ќе го отстранат човечкиот фактор кога ќе им се укаже можност“, изјави Јан-Емануел Де Неве, професор по економија и бихејвиорални науки на Универзитетот Оксфорд. „Тоа можеби ќе донесе краткорочни заштеди, но носи ризик за долгорочниот раст преку нарушување на благосостојбата и ангажираноста на вработените.“
Во понеделникот „Мета“ ги известила вработените дека околу 7.000 работници биле прераспределени во новоформирани тимови фокусирани на иницијативи поврзани со ВИ, вклучително производи и агенти. Компанијата, која оваа година се обврза да потроши повеќе од 100 билиони долари за капитални инвестиции во ВИ, имала нешто помалку од 80.000 вработени на крајот на март, пред прераспределбите и отпуштањата.
„Сега сме во фаза кога многу организации можат да функционираат со помалку хиерархиски нивоа и помали тимови и групи што можат побрзо да се движат и да имаат поголема одговорност“, навела директорката за човечки ресурси на „Мета“, Џенел Гејл, во соопштението во кое имал увид „Блумберг њуз“ (Bloomberg News). „Веруваме дека тоа ќе нè направи попродуктивни и работата ќе ја направи поисполнувачка.“
Овие промени ги оставиле вработените во „Мета“ и фрустрирани и вознемирени.Повеќе од илјада вработени потпишале петиција до Закерберг и раководството на компанијата, барајќи „Мета“ да престане да собира податоци од нивните уреди за тренирање на ВИ. Според вработените, тоа собирање податоци може да вклучува следење на притисоци на тастатурата, движења на глувчето и содржината на екраните. Други вработени на социјалните мрежи пишувале дека заканата од отпуштања негативно влијае врз нивната работа и моралот.
Агресивното трошење на „Мета“ за ВИ предизвика загриженост кај инвеститорите, кои стравуваат дека инвестициите на компанијата можеби на крајот нема да се исплатат. Додека „Мета“ ги претставува отпуштањата како можност за „компензација“ на дел од трошоците за големите ВИ-инвестиции, аналитичарите на „Еверкор“ (Evercore) проценуваат дека кратењата ќе донесат заштеди од само околу 3 билиони долари.
Тоа е само мал дел од проектираните капитални трошоци на „Мета“ оваа година, кои би можеле да достигнат 145 билиони долари, како и дополнителните стотици билиони што компанијата очекува да ги потроши за ВИ-инфраструктура до крајот на деценијата.