„Мета“ (Meta Platforms Inc.) е во рани разговори за изнајмување на компјутерска моќ од своите центри за податоци на „Антропик“ (Anthropic PBC), според луѓе запознаени со ова прашање, што е можност за гигантот на социјалните медиуми да изгради нов бизнис околу своите големи инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција.
Разговорите се сè уште во рана фаза и плановите на крајот би можеле да се променат, рекоа луѓето, кои побараа да не бидат именувани бидејќи не беа овластени јавно да зборуваат. Договорот би можел да вреди дури 10 милијарди долари во текот на две години, според „Њујорк тајмс“, кој прв извести за разговорите.
Портпаролите на „Мета“ и „Антропик“ одбија да коментираат.
Прочитај повеќе
Закерберг ја претвора ВИ инфраструктурата во нов бизнис
„Мета“ подготвува огромен пресврт: влегува во системот за технологии во облак и директно им конкурира на „Амазон“, „Мајкрософт“ и „Гугл“.
01.07.2026
САД ги укинаа ограничувањата за ВИ модел на „Антропик“
Белата куќа беше загрижена дека хакери би можеле да ги заобиколат заштитните мерки.
01.07.2026
„Мета“ лансира очила под сопствен бренд по цена од 299 долари
„Мета“ ги претстави своите први паметни очила под сопствен бренд, по цена од 299 долари. Новите модели, развиени во соработка и со Кајли Џенер, означуваат движење кон попристапен сегмент од пазарот.
30.06.2026
Големи превирања во ВИ секторот: „Антропик“ ја обвинува „Алибаба“ за масовна кражба на технологија
Американскиот стартап бара итен одговор од Вашингтон и заштита на интелектуалната сопственост.
25.06.2026
Експертите за ВИ на „Гугл“ му бегаат кај конкуренцијата – акциите веднаш надолу
Потпретседателот на Google DeepMind, Џон Џампер, изјави во текот на викендот дека заминува во Антропик
22.06.2026
Зошто ЕУ се откажува од мега-податочни центри за вештачка интелигенција?
Со ова ЕУ ќе заостане дополнително во трката со технолошките гиганти од САД и Кина
19.06.2026
Податочни центри во Македонија – реална можност или „го видела жабата коњот...“
Анализираме кои се добрите и лошите аспекти за Македонија од градењето податочни центри
15.06.2026
„Мета“ развива планови за бизнис за „услуги во облак“ (cloud computing), вклучувајќи ја и можноста за изнајмување на компјутерски капацитет на други компании, објави „Блумберг“ претходно овој месец. Исто така, размислува за продажба на пристап до модели на вештачка интелигенција кои се хостирани на нејзината инфраструктура, бизнис сличен на понудата „Бедрок“ (Bedrock) на „Амазон веб сервиси“ (AWS).
Главниот извршен директор Марк Закерберг изјави за „Блумберг“ во интервју дека „Мета“ во моментов го користи целиот свој компјутерски капацитет за внатрешни проекти, но дека добива профитабилни понуди за компјутерска моќ што го натерале да размисли и да ја изнајмува.
„Понудите што ги добиваме за користење на компјутерската моќ се толку високи што во некои случаи може да има смисла да се изнајмуваат или да се разгледаат такви зделки наместо сопствени интерни употреби“, рече Закерберг.
Во меѓувреме, „Антропик“ агресивно троши за да обезбеди компјутерски капацитет од други технолошки компании. Во мај објави договор за плаќање на „Спејс Екс“ на Илон Маск речиси 45 милијарди долари во текот на следните три години за компјутерска моќ од повеќе локации на центри за податоци. Истиот месец потпиша посебен договор за компјутерска моќ од 1,8 милијарди долари со давателот на услуги во облак „Акамаи Технолоџис Инк.“.
Акциите на „Мета“, кои паднаа за речиси 6 отсто претходно во текот на денот, скокнаа по веста и се тргуваа со пад од околу 2,5 отсто во 13:30 часот во Њујорк.