„Мета“ (Meta Platforms Inc.) објави дека ги пушта новите модели на вештачка интелигенција Лама 4 (Llama 4), изградени врз основа на она што компанијата го нарекува еден од најнапредните големи јазични модели во светот.
Во срцето на новото семејство Лама 4 е Лама 4 Бегемот (Llama 4 Behemoth), голем јазичен модел со два трилиони параметри, кој сè уште е во процес на обука, со две дистилации од него - наречени „Маверик“ (Maverick) и „Скаут“ (Scout) - достапни веднаш за користење од развивачите и тест од корисниците преку апликациите на „Мета“ или веб-страницата Мета еј-ај (Meta.ai). Тие доаѓаат со ветување дека ќе бидат природно мултимодални, што значи способни да работат со различни медиуми покрај текст, и со бенчмарк-резултати за кои „Мета“ тврди дека ги позиционираат пред познатите конкуренти.
Објавата на „Мета“ доаѓа во време кога американските компании се натпреваруваат да одговорат на голем број нови модели и услуги од кинескиот технолошки сектор. Од дебито на Дипсик (DeepSeek) во јануари, компаниите од „Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) до „Тенсент“ (Tencent Holdings Ltd.) го забрзаа темпото на нови објави за вештачка интелигенција и го продлабочија инвестирањето за да обезбедат силна позиција. „Баиду“ (Baidu Inc.) го направи својот Ерни Бот (Ernie Bot) бесплатен, „Тенсент“ го интегрира Дипсик во својата популарна апликација Вичет (WeChat), а „Алибаба“ изнесе неколку модели за кои тврди дека го надминуваат Дипсик.
Прочитај повеќе

Ни најнапредната ВИ не може да замени некои професии, тврди Бил Гејтс
Гејтс предупредува дека многу професии ќе исчезнат, но некои остануваат незаменливи
30.03.2025

Иднината на вештачката интелигенција се сели на Блискиот Исток
Владите на земјите од Персискиот Залив исклучително ја поддржуваат дигиталната трансформација.
31.03.2025

Кога вештачката интелигенција станува сојузник на животот
Вештачката интелигенција со години е присутна во медицината, каде што се користи за автоматизирање на дијагностиката и за подобрување на третманот.
27.03.2025

„Епл“ развива паметни часовници со камери и телефон на преклопување?
„Епл“ развива функција за визуелна интелигенција и камери за своите часовници и други уреди, со што влегува на пазарот на носливи уреди со вештачка интелигенција.
25.03.2025
„Мета“, со седиште во Менло Парк, Калифорнија, исто така се одмерува против Дипсик - заедно со „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Гугл“ (Google) - и го адресира прашањето за трошоците за корисниците на новите алатки Лама. За првпат компанијата ја усвојува архитектурата МОЕ (Mixture of Experts), која Дипсик ја користеше со голем успех за да ги намали трошоците за својот модел. Предноста на тој пристап е поголема ефикасност, бидејќи МОЕ-системите го сегментираат работниот товар во поуправливи делови.