Акциите на „Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) скокнаа за над 19 отсто по објавата за значителен раст на приходите од производи поврзани со вештачка интелигенција (ВИ), што ги увери инвеститорите во новата насока на технолошкиот гигант. Ова е најголем раст во еден ден за „Алибаба“ од ноември 2022 година, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за над 50 милијарди долари.
Компанијата прикажа тројно зголемување на приходите од производи за ВИ и 26 отсто раст на продажбата во дивизијата во облак (cloud) - сегмент што е директно поврзан со развојот на вештачката интелигенција. Според аналитичарите, овие резултати покажуваат дека „Алибаба“ сѐ повеќе се ориентира кон долгорочна технолошка релевантност наместо само кон доминација во е-трговијата.
„ВИ носи раст, додека традиционалниот сегмент на е-трговија тоне со ценовната војна“, изјави Чару Чанана, главен стратешки аналитичар во „Саксо маркетс“ (Saxo Markets).
Прочитај повеќе

„Алибаба“ го претстави Квен 3 и го засили темпото во вештачката интелигенција
„Алибаба“ ја загрева трката за вештачка интелигенција со новата генерација модели Квен 3 со отворен код, кои може да се натпреваруваат со водечките играчи.
29.04.2025

„Епл“ воведува вештачка интелигенција во Кина со помош на „Алибаба“ и на „Баиду“
Компанијата ќе го редизајнира ајфонот до средината на годината според локалните регулативи.
14.02.2025

„Алибаба“: Имаме вештачка интелигенција што ги надминува „Опен еј-ај“ и „Гугл“
Нов играч во вештачката интелигенција – по „Дипсик“, сега „Алибаба“ најавува уште помоќен модел.
29.01.2025
Растот доаѓа во време кога конкуренцијата на домашниот пазар се влошува – „Џеј-ди“ (JD.com) објави преполовена добивка, а „Мејтуан“ (Meituan) предупреди на големи загуби, предизвикувајќи масовна продажба на акции во секторот минатата недела.
Иако „Алибаба“ не е поштедена од оваа конкуренција, нејзините инвестиции во ВИ и меѓународните платформи како „Лазада“ (Lazada) и „Али експрес“ (AliExpress) ѝ овозможија значајно одвојување од ривалите.
Компанијата развива сопствени големи јазични модели и отворено објавува ВИ-решенија, како што е најновиот модел за генерирање видеа. Извршниот директор Еди Ву уште во февруари најави дека развојот на вештачка општа интелигенција (AGI) е главен приоритет на компанијата.
Најновиот раст ги зајакна и другите кинески технолошки компании: „Баиду“ (Baidu) доби до 5,8 отсто, а „Тенсент“ (Tencent) исто така забележа пораст.
Инвеститорите сега ќе следат дали „Алибаба“ ќе продолжи со скапата експанзија во брза е-трговија, откако Џијанг Фен од „Алибаба“ изјави дека инвестициите во овој сегмент им донеле 20 отсто раст на корисниците на „Таобао“ (Taobao).
Според „Морган Стенли“ (Morgan Stanley), „Алибаба“ има „најсилна ВИ-теза“ во Кина, а нејзините загуби од експресна трговија веројатно го достигнуваат врвот токму овој квартал.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...