Компанијата „Сејлсфорс“ (Salesforce), која е водечки глобален провајдер на софтверски решенија за управување со односи со клиенти (Customer Relationship Management / CRM), изјави дека заштедува околу 100 милиони долари секоја година благодарение на вештачката интелигенција што ја користи во својот сектор за корисничка поддршка.
„Сејлсфорс“ активно работи на продажба на алатки со вештачка интелигенција (ВИ) за автоматизација на процесите како што се корисничка поддршка и почетни продажни активности. За да ја демонстрира вредноста на својот производ „Ејџентфорс“ (Agentforce), кој користи ВИ, компанијата често ги споделува резултатите од својата внатрешна употреба на технологијата.
Генералниот директор на „Сејлсфорс“, Марк Бениоф, го објави податокот за заштедите во своето обраќање на годишната конференција во Сан Франциско. Според него, повеќе од 12.000 компании веќе користат „Ејџентфорс“. На пример, компанијата „Редит“ (Reddit) успеала да го намали времето за решавање на проблемите со корисниците за неверојатни 84 отсто.
Прочитај повеќе

Никој не е искрен за шокот од вештачката интелигенција, вели директор од финтек-индустријата
Навистина, ќе се создадат нови работни места, но како на краток рок ќе му помогне тоа на некој преведувач од Брисел? Тој не може да стане влијателен јутјубер прекуноќ, вели извршниот директор на „Кларна“.
10.10.2025

Половина од македонските банки ќе вложуваат во вештачка интелигенција
Само три банки го квантифицирале и износот што планираат да го вложат - до 0,25 проценти од сопствените средства.
09.10.2025

Дајмон: Вештачката интелигенција веќе ѝ заштедува милијарди на „ЏП Морган“
Џејми Дајмон тврди дека ВИ е најреволуционерната технологија по интернетот и дека „ЏП Морган“ веќе ја користи за заштеда, иновации и автоматизација.
08.10.2025

ВИ против свирчињата: Дали судиите ќе исчезнат од спортот?
Улогата на судиите во спортот поминува низ најголемата трансформација во модерната историја. Напредокот на вештачката интелигенција и следењето на податоци веќе го поставуваат прашањето — дали, и кога, технологијата целосно ќе ги истисне „делителите на правдата“ од теренот
01.10.2025
Бениоф, кој е голем поддржувач на вештачката интелигенција, изјави дека никогаш не бил толку возбуден за нешто во својата кариера. Сепак, и покрај неговото оптимистичко гледиште, на Волстрит постои загриженост дека адаптацијата на ВИ се одвива побавно од очекуваното. Исто така се стравува дека традиционалните софтверски компании може да бидат надминати од стартапи што се развиваат во ерата на ВИ. Овие стравувања доведоа до пад на акциите на „Сејлсфорс“ за 1,6 отсто, на 244,69 долари по акција, кои се намалија за 27 отсто оваа година.
Со помош на вештачката интелигенција, „Сејлсфорс“ успеа да се фокусира на корисниците што претходно не добивале повратен контакт од вработениот персонал. Според Бениоф, откако компанијата започнала да ја користи ВИ-технологијата, веќе се идентификувани повеќе од 60 милиони долари потенцијален бизнис.
Бениоф исто така призна дека „Сејлсфорс“ ја намалила својата работна сила за поддршка на клиенти за илјадници луѓе благодарение на автоматизацијата што ја донела вештачката интелигенција.