text size
Компаниите „губат време и пари на токени, честопати без никаква вредност, а компаниите за вештачка интелигенција ја земаат нивната интелектуална сопственост“, изјави Алекс Карп, извршен директор на „Палантир“, за Си-ен-би-си (CNBC). Акциите на „Палантир“ скокнаа за 9 проценти истиот ден, иако неговата компанија продава платформи што ветуваат контрола на податоците како решение за проблемот за кој тој предупредува. Изјавата брзо стана вирална бидејќи ја допира дилемата со која мора да се соочи секоја компанија што користи ЧетГПТ (ChatGPT) или Клод (Claude): без разлика дали ги храни туќите модели со сопствените деловни тајни.