text size
Француската „Мистрал еј-ај“ (Mistral AI) собра три милијарди евра во најголемата рунда на финансирање што некогаш ја затворила европска технолошка компанија, со што нејзината вредност достигна над 21 милијарда евра. Зад инвестицијата стои амбицијата на Европа да изгради свој екосистем за вештачка интелигенција, помалку зависен од американските компании. Парадоксот е што „Мистрал“, исто како и неговите американски конкуренти, сè уште зависи од чиповите на „Мајкрософт“ и „Енвидија“.