text size
„Ако сакам, можам да влезам на интернет-страницата е-учебници на Министерството за образование и наука и да ги променам содржините на сите електронски учебници“, вели во разговор за „Блумберг Адрија“ еден хакер чиј идентитет ни е познат. Не ја проверивме точноста на неговото тврдење во практика, затоа што тоа би значело и нов хакерски напад на една од државните институции и директна штета врз нив. Ако ги следиме претходните случувања со сајбер-нападите на повеќе државни институции, ова тврдење најверојатно е и точно. Целта на сајбер-напаѓачите, или народски познати како хакери, најчесто е изнуда на пари и нарушување на интегритетот, односно репутацијата на одредена компанија или институција.