Главниот извршен директор на компанијата ИБМ (International Business Machines Corp.), Арвинд Кришна, рече дека компанијата планира во наредните години да го паузира вработувањето на позиции за кои смета дека би можеле да бидат заменети со вештачка интелигенција.
Вработувањата на помошни функции - како што се човечките ресурси - ќе биде суспендирано или забавено, посочи Кришна во интервју. „На вакви позиции, кои директно не ги засегаат клиентите, работат приближно 26.000 работници“, рече Кришна. „Сметам дека 30 отсто лесно може да бидат заменети со вештачка интелигенција и автоматизација во период од пет години“.
Тоа би значело околу 7.800 изгубени работни места.
Прочитај повеќе
Прва студија во реални услови: ВИ ги прави работниците поефикасни за 14 отсто
Работниците во одделот за поддршка за корисници во софтверска фирма станале во просек за 14 отсто попродуктивни.
27.04.2023
Сноуден: ВИ и ЧетГПТ се уште поголема закана за приватноста
Едвард Сноуден, еден од најпознатите свиркачи во светот, минатиот четврток преку видеоврска се приклучи на Деновите на комуникацијата во Ровињ.
24.04.2023
Почна смената: Вештачка интелигенција наместо копирајтери и дизајнери
Стравувањата дека вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето со години навлегуваат во повеќето индустрии
14.04.2023
Се бараат „шепкачи за вештачка интелигенција“ за плата од 335 илјади долари
Сите зборуваат за вештачката интелигенција зад ЧетГПТ, па поради тоа фокусот не е толку многу насочен кон растечкиот технолошки пазар на трудот.
03.04.2023
Бидејќи алатките за вештачка интелигенција ја поттикнаа имагинацијата за нивната способност да ја автоматизираат поддршката за клиенти, да пишуваат текст и да генерираат кодови, многу набљудувачи се загрижени поради нивниот потенцијал да го нарушат пазарот на трудот. Планот на Кришна означува засега една од најголемите стратегии за работна сила објавена како одговор на технологијата што брзо напредува.
„Посекојдневните задачи, како што се потврди за вработување или преместување на вработените во различни оддели, најверојатно ќе бидат целосно автоматизирани“, нагласи Кришна. „Некои функции за човечки ресурси, како што се евалуација на работната сила и продуктивноста, веројатно нема да бидат заменети во следната деценија“, додаде тој.
ИБМ моментално вработува околу 260.000 работници и продолжува да вработува во одделите за развој на софтвер и улоги за соочување со клиенти. „Денес е полесно да се најдат таленти отколку пред една година“, рече Кришна. Компанијата најави кратење на работните места во почетокот на оваа година, што може да достигне околу 5.000 работници кога процесот ќе биде комплетно завршен. Сепак, Кришна вели дека ИБМ генерално ја зголемил својата работна сила со околу 7.000 вработувања во првиот квартал.