text size
Државните институции сами одлучуваат како да се заштитат од сајбер-напади. Во државата ниту има закон што ќе им обезбеди високо ниво на сајбер-безбедност на институциите, ниту пак е формирано тело што ќе се грижи за безбедноста на системите на институциите, кои пак располагаат со податоците на граѓаните. Голем дел веб-страници на јавните и државните институции го немаат ни основниот безбедносен сертификат, па тие се лесна цел за сајбер-напаѓачите. За земјава ова е изборна година, а сите се сеќаваме на нападот на страницата на Државната изборна комисија во 2020 година. Имено, како што извести тогаш Министерството за внатрешни работи, при крајот на изборниот процес, а особено во текот на објавувањето на прелиминарните резултати бил „регистриран DDoS напад, кој бил насочен на страницата https://www.sec.mk/ и кој влијаел на оневозможувањето на публикувањето на резултатите од апликацијата на дедицираниот сервер за објавување на прелиминарните резултати“. Што направивме за да се заштитиме?