Дигитална испратница, ново решение за помала администрација, унапредување на процесот на следењето на текот на документацијата и значителна заштеда на пари и време.
Нелт СТ успешно имплементира нов целосно дигитализиран (end – to – end) процес, кој дополнително ги оптимизира операциите, подобрувајќи ја соработката и искуството на клиентите. На самиот почеток е поставен процесот на пласирање нарачка преку Електронска размена на податоци (EDI) за секое место на испорака, која понатаму е проследена во системот за динамичко рутирање, ефикасна WMS технологија на подготовка на нарачката со помош на гласовни команди (Pick by Voice) и завршува со ново решение Дигитална испратница.
Клучната причина за оваа трансформација е елиминирањето на хартиената форма на фактурите и корективните документи кои досега ја следеа робата или настануваа при самата испорака. Сега, сите тие детали се управуваат во реално време преку таблетите на доставувачите. Секое неопходно коригирање се прави при самата испорака за време на процесот на проверка на количини, а на крајот двете страни ги потврдуваат деталите во таблетот. Така финализираните податоци се испраќаат во системот на Нелт каде што се генерираат фактурите во дигитална форма врз основа на реално примените количини кај купувачот.
Нелт Група во претходната година забележа неделно намалување на потрошувачката од 160.000 листови хартија, што преставува 800 килограми хартија. Со заштеда од речиси 65 проценти во делот на корективните документи, годишно се трошат 40 тони помалку хартија, со што се зачувани 1.000 дрвја кои инаку би се користеле за производство на хартија. На овој начин, Нелт Група се стреми да ги зачува природните ресурси и да го намали својот еколошки отпечаток, а со тоа да придонесе за одржлив развој на бизнисот и заедницата.
Повеќе од 100 милиони евра во следниот циклус ќе бидат инвестирани во нова логистичка инфраструктура и модерни технологии на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Замбија, објави Нелт Група на годишната прес-конференција.
Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во ноември, најзастапените категории − потрошувачките и станбените кредити бележат месечно зголемување од 0,7 и 1,2 проценти.