Марк Цукерберг минатата година стави се на една карта кога е во прашање метаверзумот и беше подготвен да потроши колку што е потребно за да доминира во виртуелната реалност.
И тоа го чинеше многу. Во еден момент неговото богатство падна за повеќе од 100 милијарди долари од највисокото ниво, што беше зачудувачки пад за милениумецот кој пред само неколку години беше трет најбогат човек во светот.
Во текот на годинава, неговиот фокус беше на физичкиот свет - прво намалување на трошоците во неговата „Мета Платформс“ (Meta Platforms Inc.), а сега работи на конкуренцијата од реалниот свет односно Твитер на Илон Маск.
Се чини дека резултатите се исплатат. Богатството на Цукерберг, кое главно се состои од неговиот удел во „Мета“, порасна за околу 44 милијарди долари оваа година, што е најмногу од оние што ги следи Индексот на милијардери на „Блумберг“.
Акциите на „Мета“ се на второто место на листата акции od S&P500 со најдобри перформанси оваа година, зголемувајќи се повеќе од 100 проценти, што ја зголеми неговата нето вредност на 89,9 милијарди долари.
Во петокот, Bloomberg News објави дека Инстаграм платформата на „Мета“ планира да лансира конкурент на „Твитер“ веќе следниот месец. Апликацијата заснована на текст моментално се тестира со познати и влијателни личности, велат луѓе со познавање на оваа тема.
„Мета“ има подобри шанси да преземе удел од „Твитер“ отколку помалите конкуренти, сметаат аналитичарите Bloomberg Intelligence Мандип Синг и Демијан Рајмерц.
Очекувањата за приходите на „Мета“ исто така се розови, според аналитичарите на „Луп Капитал Маркетс“ (Loop Capital Markets), Роб Сандерсон и Алан Гулд во белешката од 15 мај. Аналитичарите сметаат дека акцијата ќе расте до 320 долари откако во петокот зтавори на 245,64 долари.
„Сметаме дека приказната за производот на „Мета“ е добра како што беше во некое време“, велат тие.