„Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) предводи круг на финансирање од најмалку 600 милиони долари за кинескиот стартап за вештачка интелигенција „Минимакс“ (MiniMax), што претставува нејзин втор голем договор во таа област годинава, додека користи капитал во потрага по раст.
Фирмата, која постои две години, обезбедила средства од „Алибаба“ и други инвеститори во вредност од повеќе од 2,5 милијарди долари, според луѓе запознаени со ова прашање. Собирањето средства и натаму е во тек, но „Алибаба“ и „Хонг Шан“ (HongShan), порано „Секвоја“ (Sequoia China), се обврзале на финансирање, вели упатен извор, барајќи да не биде идентификуван бидејќи станува збор за приватна зделка. Условите на договорот сè уште може да се променат бидејќи преговорите со повеќе инвеститори се во тек, додаваат изворите.
„Алибаба“ им се придружува на компаниите од Силициумската Долина како „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) во вложувањето на големи облози во генеративната вештачка интелигенција, технологијата што ги движи четботовите како популарниот ЧетГПТ (ChatGPT). Компанијата во последниве месеци предводеше круг на финансирање од милијарда долари во „Муншот еј-ај“ (Moonshot AI), поттикнувајќи го вреднувањето на стартапот што постои една година, исто така, на околу 2,5 милијарди долари, објави „Блумберг њуз“. Овие зделки покажуваат дека „Алибаба“ сака да се обложи на потенцијални идни лидери во сферата на вештачката интелигенција иако тие се и меѓусебна конкуренција: „Минимакс“ е основан од ветерани од специјалистот за компјутерска визија „Сенс тајм“ (SenseTime Group Inc.) и се натпреварува со „Муншот“ во развојот на услуги слични на оние од ЧетГПТ.
Прочитај повеќе
ТСМЦ постигна рекорд поттикнат од вештачката интелигенција
Акциите на најголемиот светски производител на чипови скокнаа за 5,2 отсто.
04.03.2024
„Енвидија“ урива рекорди, стана третата највредна компанија во САД
„Енвидија“, една од најголемите светски компании во областа на производство на микрочипови, го надмина „Алфабет“, матичната компанија на „Гугл“.
19.02.2024
Маск го тужи „Опен-еј-ај“: „ВИ не се развива во корист на човештвото“
Ко-основачот на „Опен-еј-ај“ I Маск поднесе оставка од одборот на директори на компанијата во 2018 година
02.03.2024
„Алибаба“ - важеше за еден од најплодните кинески технолошки инвеститори додека владата не му наметна ограничувања во 2020 година - сега повторно е во потрага по раст. Новите шефови Џозеф Цаи и Еди Ву ги истражуваат опциите за да направат пресврт за компанијата, која две години е заложник на силна регулаторна контрола и економски пад.
Претставници на „Алибаба“, „Минимакс“ и на „Хонг Шан“ немале коментар кога биле контактирани од „Блумберг њуз“.
Администрацијата на Шји Џјинпинг ги назначи истражувањата на најсовремените полиња како вештачката интелигенција како приоритет за следните години, ветувајќи дека ќе ја мобилизира целата нација за да се обиде да ја намали зависноста од западната технологија. Вештачката интелигенција, која има воена, но и комерцијална примена, е од особен интерес и за Пекинг и за Вашингтон поради нејзината потенцијално трансформативна природа.