text size
Производителот на чипови АМД (Advanced Micro Devices Inc.) се согласи да го купи „Ворлд лабс“ (World Labs) за 8,2 милијарди долари, со што ќе го преземе стартапот за вештачка интелигенција основан од пионерката и истражувачка во оваа област, Феи-Феи Ли.
Трансакцијата целосно во акции се очекува да биде завршена до крајот на годината, по добивањето регулаторни одобренија, соопштија компаниите во понеделникот.
АМД, клучен конкурент на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) на пазарот на чипови за ВИ, добива тим од водечки истражувачи и нивните модели, како и увид во тоа како се развива областа на вештачката интелигенција. Тоа би требало да ѝ помогне на компанијата да ги планира идните модели хардвер.
Прочитај повеќе
Роботите во македонските компании и домови - пет вести на денот
За тоа како роботиката сѐ побрзо ја напушта строго контролираната фабричка средина и се приближува до човекот - прво до неговото работно место, а потоа до болницата, домот и секојдневните навики, „Блумберг Адрија“ разговараше со двајца домашни експерти.
пред 39 минути
„Јунитри“ - скриен дијамант што експлодираше на ИПО-то додека фокусот беше на „Спејс екс“
Акциите на кинеската компанија скокнаа за дури 629 проценти над ИПО цената за време на првиот ден од тргувањето.
31.08.2026
„АМД“ на чекор до вредност од еден билион долари, поради бумот на ВИ
Акциите на компанијата пораснаа за 10 отсто во понеделник, на бранот на оптимизмот околу побарувачката за чипови потребни за ВИ.
21.09.2026
Шопингот на Американците со помош на ВИ ќе порасне за 130 отсто за време на празниците
Она што луѓето ќе го купуваат онлајн оваа празнична сезона во САД ќе биде сè повеќе под влијание на чет-ботови како што е Чет ГПТ „Опен еј-ај“, според „Адоуб“.
пред 16 часа
„Енвидија“ претстави нов систем за да ја држи вештачката интелигенција под контрола
По серијата инциденти со ВИ-агенти што успеаја да ги заобиколат безбедносните тестови, „Енвидија“ претстави нов систем.
пред 20 часа
Гејтс против Трамп: На вештачката интелигенција ѝ треба строг надзор
Гејтс вели дека безбедносните мерки нема да ги забават САД во трката со Кина и остро порачува: „Тоа воопшто не е измама“.
пред 22 часа
„Колку подобро разбирате сè од почеток до крај, толку подобар систем ќе изградите“, изјави извршната директорка на АМД, Лиса Су, во интервју за „Блумберг телевизија“ што треба да се емитува во понеделник попладне.
Bloomberg
„Затоа го купуваме ‘Ворлд лабс’“, рече Су. „За да имаме пристап до талентите од светска класа што ги собра Феи-Феи и да ги споиме со можностите на АМД во хардверот, софтверот и системите.“
„Ворлд лабс“ развива таканаречени модели на светот: софтвер за ВИ што може да извршува задачи во физичкиот свет. Моделите создаваат и реконструираат тридимензионални средини, а стартапот вели дека тие може да помогнат во унапредувањето на работата со роботи, научните откритија и фабричката опрема.
Ли, која беше извршна директорка на „Ворлд лабс“, е позната истражувачка и компјутерска научничка на Универзитетот Стенфорд. Според договорот, таа ќе му се приклучи на АМД како извршна потпретседателка и главна научничка и ќе ѝ одговара директно на Су.
„Како што расте нашата компанија, така растат и нашите амбиции“, рече Ли во интервјуто за „Блумберг телевизија“. Со тоа се зголемила и потребата на стартапот од компјутерска моќ, рече таа.
„Во овој момент, ако ги здружиме силите со АМД, навистина си даваме можност себеси, на АМД и на целиот екосистем да го забрзаме циклусот на развој на софтверот и хардверот“, рече таа.
Договорот ќе помогне и во проширувањето на понудата на АМД, овозможувајќи ѝ на компанијата да им обезбеди различни модели за ВИ на клиентите. Компанијата ја проширува својата понуда во обид да им продаде повеќе производи и услуги на клиентите со центри за податоци, кои се нејзиниот најголем извор на приходи. Идејата е да ги понуди потребните елементи за брзо поставување и пуштање во работа на тие центри.
„Ќе има и отворени и сопственички модели“, рече Су. „АМД придонесуваше во таа област. Мислам дека ќе го прошириме тој придонес.“
Крајната цел е да се изгради подобра ВИ, додаде Су. „Нашата амбиција е да ја дефинираме иднината на компјутерската моќ за ВИ.“
Поголемиот ривал на АМД, „Енвидија“, беше првиот што почна да нуди опрема и услуги заедно со чиповите за ВИ за да им помогне на клиентите брзо да започнат со работа. Сега ја користи таа стратегија за да привлече нови видови клиенти, надвор од гигантите во облак-компјутерството, кои и натаму поттикнуваат голем дел од нејзиниот раст.
Bloomberg
„Енвидија“ неодамна се согласи да купи уште еден познат стартап за ВИ, „Хагинг фејс“ (Hugging Face), во договор вреден околу 13 милијарди долари.
„Ворлд лабс“, основан во 2024 година, има околу 70 вработени. Меѓу нив е и тим експерти за роботика од компанијата „Сеникс“ (SceniX), која ја купи во јули. Тој стартап развива софтвер за обучување роботи во реалистични виртуелни светови.
Во текот на 12-годишното раководење на Су со „АМД“, производителот на чипови се обидува да добие признание за своите технички можности и да се ослободи од угледот на спореден играч во Силициумската долина. На својот основен пазар на процесори, „АМД“ веќе излезе од сенката на „Интел“ (Intel Corp.) и сега има производи што се оценети како најдобри во индустријата.
На пазарот на акцелератори за вештачка интелигенција - чипови што се користат за обучување и извршување модели на ВИ - „АМД“ и натаму е далеку зад „Енвидија“, на второто место. Но Су претстави нови производи за кои вели дека можат да ги надминат производите на поголемиот ривал.
Инвеститорите сметаат дека компанијата е меѓу главните добитници од трошењето за ВИ, а нејзините акции годинава ги зголемија речиси тројно. Тоа ѝ донесе на „АМД“ пазарна вредност од околу еден билион долари, достигнување што го дели со само уште десетина други технолошки гиганти.
„Енвидија“ и натаму е највредната компанија во светот, со пазарна капитализација од над пет билиони долари. Но нејзините акции годинава пораснаа за само околу 22 отсто, со послаб резултат од речиси сите големи производители на чипови во 2026 година.