text size
Како влијаат движењата на меѓународниот пазар на капитал и инфлацијата врз работењето на приватните пензиски фондови во Македонија е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека во изминатиов период од една страна имаше пад на вредноста на индексите на повеќе светски берзи, а од друга страна се затегнува монетарната политика за да се запре високата инфлација. Нашата анализа покажа дека трите задолжителните пензиски фондови во Македонија имаат солидни перформанси иако е карактеристично дека во изминативе три месеци има пад на вредноста на сметководствените единици и дека инфлацијата ги јаде нивните приноси.