text size
Германија урива неславни рекорди поради кризата која ја предизвика војната во Укрина. Рекордна инфлација, пад на економската активност и дефицит во трговската размена, што не се случило од 1991 година наваму, се само дел од маките на најголемата економска сила во Европа. Хроничниот недостиг од природен гас, што настана по прекинот на редовните испораки од Русија го доведува во прашање текот на производството во голем број германските компании од различни индустрии. Доколку нема подобрување во снабдувањето во текот на наредните неколку месеци, власта во Германија буквално ќе мора да затвора цели индустрии за да има доволно гас за затоплување на домовите на германските граѓани. Економските проблеми на најголемата европска економска сила треба и тоа како да ги загрижат и надлежните во Северна Македонија, со оглед на тоа што Германија е наш најголем трговски партнер од кој буквално опстојува македонската економија.