text size
Земјите од регионот Адрија во 2022 година бележат најдобри фискални перформанси од 2019 година наваму, што во голема мера се должи на закрепнувањето на економската активност по укинувањата на ограничувањата за време на пандемијата. На овој резултат влијаеше и рекордната инфлација, која ја зголеми номиналната вредност на даночните приходи пред да почнат потрошувачите да ги приспособуваат навиките за трошење поради високите цени, укажуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа за фискалните односно даночните политики во регионот.