Регион

Депозитно јадро во Адриа банките: Како стасавме до 100 милијарди евра

Извор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова, Branislav Urošević, Mirela Haskić-Suša, Karlo Vajdić и Pia Bedenе

19. Јули 2022, 23:03

Во регионот Адриа се зголемиле за над 14 отсто во период од 2015 до 2022

Слловенците бележат најбавен раст на депозитите

Во Македонија шпекулациите за курсот на денарот прават штета

Депозитно јадро во Адриа банките: Како стасавме до 100 милијарди евра

Bloomberg

Инфлацијата ги обезвреднува, а ниските каматни стапки со години ја намалуваа нивната атрактивност. Сепак заштедите во банките во земјите од регионот Адриа се една стабилна база средства која ретко која криза успеа да ја „раздрма“. Отпорноста се покажува и сега во услови на високи стапки на инфлација, глобална криза и стравови. Анализираме какви се трендовите со депозитите во земјите од овој регион. Според податоците од 2015 година до мај 2022 вкупните депозити во регионот се зголемиле за околу 46 милијарди евра. Сите пет земји заедно во 2015 имале вкупно 99,6 милијарди евра депозити. Годинава во мај заштедите стигнале до 145, 6 милијарди.

Во апсолутна бројка Хрватска има најмногу депозити – 53,1 милијарди евра. Во целиот овој период Хрватите не се откажале од класичното штедење и покрај ниските камати. Тоа се намалува, но и натаму е доминантно.

За разлика од Хрватска, Словенија бележи најнизок раст на депозитите како процент од БДП за периодот од 2015 до 2022 година. Но, ова главно се должи на фактот дека Словенците повеќе се склони кон поризични инвестиции, покажува анализата на Блумберг Адриа.

Штедењето во Србија расте со најбрза стапка во целиот регион, дури 87 отсто, а во нареднниот период се очекува дополнителен пораст заради монетарните мерки.

Во Босна и Херцеговина годинава депозитите имаат опаѓачки тренд. Причина за ова е руската инвазија во Украина и воведуваањето санкции за Сбербанка што придонесе многу граѓани да ги повлечат депозитите. Тоа се случуваше не само од оваа, туку и во други банки.

Македонија – шпекулациите за курсот влијаат на депозитите

Во земјава штедењето континуирано расте. Од 2015 досега депозитите се зголемиле за 48,98 отсто. Но, годинава, посебно во март, забележано е извесно намалување. Причината од Народната банка ја лоцираат во намалувањето на заштедите кај компаниите кои заради високите трошоци за енергенси мораа да „чепнат“ во заштедите, но и кај граѓаните кои повторно повлекуваа пари под влијание на шпекулациите дека денарот ќе девалвира. Од НБРМ велат граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации и да штедат во денари. Последните мерки на централната банка одат кон тоа да растат каматите за штедење во денари односно да се интензивира процесот на денаризација во земјава. Сепак во исто време во последниот период во четири наврати се зголеми и основната каматна стапка поради што Народнат абанка очекува раст на штедењето и враќање на стапките на раст на нивото од пандемијата кога трендот забрза.

Србија – земја со највисока стапка на раст на штедењето

Депозитите на компаниите и домаќинствата во банките во Србија од крајот на 2015 пораснале за 87 отсто, покажуваат резултатите од анализата на Блумберг Адриа.

На крајот на 2015 депозитите изнесувале околу 15,6 милијарди евра, а на крајот на април годинава сумата пораснала на 29,2 милијарди, покажува анализата на нашиот аналитички тим. Со оглед на тоа дека на растот на депозитите можат да влијаат редица фактори, ваквата значајна промена го повлекува прашањето што точно ги поттурна депозитите најмногу.

До зголемување на депозитите може да дојде заради економски раст и заради зголемени приходи на домаќинствата што овозможува да одвојат пари за штедење.

Другата можност за зголемување на депозитите, според нашите аналитичари, би можела да биде релаксираната монетарна политика, кон која се придвижија сите светски централни банки како и Народната банка на Србија (НБС).

Од НБС наведуваат дека за раст на депозитите влијаеле и едните и другите фактори. „Економскиот раст кој Србија го постигна во претходните десет години, а посебно во последните пет, секако имаше позитивно влијание“, велат од централната банка, обрнувајќи внимание на тоа дека „на раст на депозитите секако влијание имаше и периодот на ниски каматни стапки за задолжување“.

Откако НБС од почетокот на годината референтната камата ја дигна за 175 базни поени, на 2,75 отсто, се поставува прашањето кои фактори ќе надвладеат. Од една сстрана, повисоките каматни стапки кои во принцип доведуваат до понизок економски раст, што би можело да доведе  до намалување на ликвидноста и намалување на депозитите.

Од друга страна, повисоките каматни стапки значат и поголема мотивираност на домаќинствата да штедат што доведува до повеќе депозти.

„Зголемувањето на каматните стапки и намалувањето на понудата на пари после намалувањето на експанзивната монетарна политика  може во одредена мерка да ја намали стопанската активност", велат од НБС, но додаваат и дека „заострувањето на монетарните услови“, главно доведува до „раст на депозитите на домаќинствата заради зголемната атрактивност на штедењето“. СНБ исто така, не очекува промена во структурата на депозитите, посебно во поглед на штедењето и обемот на орочените депозити.

Босна и Херцеговина – санкциите кон Русија ги намалија депозитите

Банкарскиот сектор во Босна и Херцеговина со години одржува континуитет во стабилното делување. Еден од показателите се депозитите, односно заштедите на граѓаните, кои со години растат.

Така, вкупните депозити во 2015 изнесувале 8,4 милијарди евра. Една година подоцна, вкупните депозити изнесувале 9,07 милијарди, за во 2017 да пораснат до 10,5 милијарди евра.

Во пандемиската 2020 депозити изнесуваа 12,7 милијарди евра, за една година подоцна да стигнат до 14,2.

Депозитите растеле и како удел од БДП, па така од 58 отсто во 2015 се зголемени на 73 отсто во мај годинава.

Со почетокот на руската инвазија на Украина и воведувањето санкции кон Сбербанк беше предизвикана паника за повлекување пари од оваа, но и од другите банки заради што во февруари беше забележан пад на депозитите од 14,2 на 14,1 милијарди евра споредено јануари – февруари годинава, па на 13,7 милијарди во март. Опоравување следеше во мај.

Кога станува збор за видовите на депозити, во БиХ доминираат така наречените депозити по видување кои во мај изнесувале 9,7 милијарди евра, додека орочените депозити изнесуваат 4,3 милијарди. Една од причините за ваквата структура се ниските каматни стапки, таа во 2015 изнесувала 2,13 отсто, за годинава во мај да падне на 0,80 отсто. Но,во со оглед на тоа дека каматните стапки ќе растат во наредниот период, се очекува да дојде до раст и на орочените депозити.

Хрватска – земја со најмногу депозити во регионот

Во последните 10 години износот на депозитите на граѓаните и компаниите во хрватските банки порасна за 40 отсто, од 38,2 на крајот на 2011, на 53, 1 милијарди евра на крајот на април годинава.Со оглед на остварениот економски раст- БДП во истиот период пораснал од 44,8 на 57, 3 милијарди евра – растот на депозитите е очекуван. Но, во тој ист период дојде и до големи промени во уделите кои поединечни видови депозити ги имаат во вкупниот износ.

Со оглед на состојбата на пазарот, ваквиот тренд и не е неочекуван, но беше одлична илустрација како состојбата во економијата остава последици на однесувањето на граѓаните и компаниите.

На крајот на 2011 дури 77 отсто од депозитите биле орочени. Тие носеле повисоки камати од оние на видување, а клиентите на банките преферирале да држат таков вид на сметки. На т.н трансакциски смеки, значи тековни и жиро сметки, тогаш имало 15 отсто од вкупните депозити, додека остатокот бил класично штедење.

Како со годините паѓаа каматните стапки, вкупно на пазарот, и во банките, се помалку граѓани орочените заштеди ги гледаа како место каде за своите пари би можеле да остварат каква таква заработувачка и се помалку ги орочуваа депозитите. На крајот на април годинава, орочени биле само 25 отсто од сите депозити. Од друга страна, уделот на трансакциските сметки се зголемил на 70 отсто, а класичното штедење, кое и така имаше мал удел,  дополнително се намали.

Ваквиот тренд оди во прилог на тврдењето дека  граѓаните, но и компаниите во Хрватска во последните 10 години не нашле замена на ороченото штедење. Потенцијално повисоките проноси, од четири или пет отсто, колку што некогаш изнесуваше каматната стапка за орочените депозити, денес не се така лесно остварливи. И покрај трудот на финансиската индустрија да ги натера граѓаните своите парии да ги префрлат, на пример, во инвестициски фондови или некој друг облик на вложување, каде каматата би била повисока од симболичната која ја добиваат на тековните сметки и на штедењето по видување, тоа не се оствари.

Словенија – најбавен раст во целиот регион

Депозитите на домаќинствата од 2007 до мај 2022 практично се удвоиле, а во мај изнесуваат околу 25 милијарди евра. Се зголемиле и како процент од БДП од 35,8 на околу 47 отсто од БДП. Во мај годинава, масата депозити порасна на 5,3 отсто на меѓугодишно ниво. Според објаснувањето на банката на Словенија, тоа главно е резултат на исплатата на годишните оддмори, инаку меѓугодишниот раст оваа година се намалува.

Сепак, растот на депозитите на населението во мај претставува речиси половина од вкупниот раст на депозитите на домаќинствата годинава, кој  изнесува вкупно 672 милиони евра. Сега се очекува забавување на растот од времето на пандемијата. Целосна нормализација на економските услови и зголемувањето на личната потрошувачка во втората половина од минатата година значително придонесоа за забавување на растот на депозитите на домаќинствата и нефинансиските дејности, а тој тренд продолжи и годинава.

Обемот на депозити на населението годинава до април порасна за 2.367 милиони евра, што може да се споредува со растот во истите периодот од годините пред пандемијата. Нивниот годишен раст забави и речиси се изедначи со годишниот раст на депозитите на нефинансиските дејности кои во последната година се преполовија. Намалување на растот на депозитите на населението е присутно во сите останати земји од еврозоната, а Словенија се вбројува меѓу тие каде забавувањето е најголемо.

Во мај намалени се депозитите на нефинансиските дејности, и тоа за 140 милиони евра. Понизок им е и годишниот раст, кој изнесува три отсто. Кај нефинансиските дејности обемот на депозитите годинава е намален за 454 милиони евра, но компаниите и натаму имаат високи 8,5 милијарди евра депозити кај банките.

Короната ги зголеми, енергетската криза ги топи депозитите во Македонија
Финансии

Короната ги зголеми, енергетската криза ги топи депозитите во Македонија

Падот на депозитите во првите пет месеци од 2022 се должи на намалувањето на заштедите на фирмите заради растот на цените на енергенсите кои драстично им ги зголемија трошоците.

21.07.2022

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Сите новости од рубриката Анализа

Алкалоид АД Скопје
Компании

Алкалоид АД Скопје

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

28.06.2022

КОСТАЛ Македонија
Компании

КОСТАЛ Македонија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е една од водечките компании на глобално ниво за производство на електронски и мехатронски компоненти за автомобилската индустриј

27.06.2022

Анализа

сите новости од рубриката Анализа