text size
Македонија има најмалку депозити и како апсолутна бројка и како процент од БДП во однос на земјите од регионот Адриа. Анализата на Bloomberg Adria покажува дека во македонските банки на име штедни влогови, во мај годинава имало 7 милијарди и 300 милиони евра депозити. Најзначаен депонент во македонскиот банкарски сектор се граѓаните чии влогови чинат 67,1 отсто (заклучно со март годинава) од сите депозити во земјава. Или од вкупните заштеди во банките, две милијарди се на фирмите, над пет милијарди се депозити на домќинствата. Вкупните депозити изнесуваат 63 отсто од БДП на земјата.