text size
Вкупните депозити во македонските банки стигнаа до десет милијарди евра (614,8 милијарди денари) заклучно со јуни, со 12,9 отсто раст на годишно ниво. Депозитите на домаќинствата изнесуваат 6,69 милијарди евра, на корпоративниот сектор 2,87 милијарди евра, а остатокот од околу 440 милиони евра се на преостанатите финансиски институции и непрофитните организации што им служат на домаќинствата и локалната самоуправа. Растот произлегува од повисоките депозити и на двата клучни сектора, при што поголем придонес имаат домаќинствата, покажуваат најновите податоци на Народната банка.