text size
Нашите предци веројатно никогаш не би помислиле дека нивните поколенија наместо тетовски, ќе се јадат грав од Киргистан, наместо галичко, ќе се јадат сирење од Германија, а уште помалку дека месо ќе увезуваме дури од Бразил. Иако Македонија сѐ уште важи за земја на вкусна храна, лесно може да го загуби овој атрибут, со оглед на тоа што паѓа домашното земјоделско производство, а и тоа што се произведува во земјава се извезува, односно завршува на трпезите во странство. Од друга страна, во македонските маркети и на пазарите се зголемуваат присуството и продажбата на увезена храна.