Швајцарците на референдум одбија ограничување на бројот на жители на 10 милиони. Според поддржувачите на референдумот што се одржа вчера земјата останува без простор и затоа треба да се ограничи бројот на жители. Велат дека мерката е решение за високите кирии, преполните возови и ширењето на градовите во алпските предели. Швајцарците излегуваат на референдум и до четири пати годишно и вообичаено го слушаат класот на бизнисмените. Сега тие беа против. Според нив овој план е „иницијатива за хаос“. Тие предупредуваат дека тоа ќе ја повреди економската експанзија, ќе го ограничи пристапот на компаниите до квалификувани работници и ќе ги загрози односите со Европската Унија, најголемиот трговски партнер на Швајцарија.
Добро утро, ова се петте вести што се важни за почеток на денот.
Податочни центри во Македонија – реална можност или „го видела жабата коњот...“
Податочните (дата) центри – тие огромни згради полни со сервери што ги обработуваат и складираат сите дигитални податоци во светот – се физичкиот темел на сервисите во облак (cloud), вештачката интелигенција и денешниот интернет. Без нив, нема да имаме ништо, ни Гугл, ни Фејсбук, ни ЧетГПТ, ни Нетфликс, ни банкарски апликации или онлајн трговија.
Податочните центри денес се меѓу најбрзорастечките инвестиции глобално – само во 2025 година големите технолошки компании како „Амазон“, „Мајкрософт“, „Гугл“ и „Мета“ инвестирале над 370 милијарди долари исклучиво во податочни центри и компјутерски ресурси наменети за вештачка интелигенција (ВИ). Ова претставува скок од дури 44 отсто во споредба со претходната година, според аналитиката на „Блумберг“. Во пошироката анализа на 14-те најголеми берзански тргувани оператори на податочни центри на глобално ниво, нивните вкупни капитални расходи (CapEx) за 2025 година достигнале речиси 750 милијарди долари, што е огромен пораст од претходните 450 милијарди.
Пресврт на пазарот: Вештачката интелигенција станува катализатор на индустријата за сајбер-безбедност
Како што напишавме пред неколку месеци, (Земјотрес на пазарот на сајбер-безбедност: Колку е оправдан стравот од вештачката интелигенција?) секторот за сајбер-безбедност се најде под силен притисок на почетокот на годината откако меѓу инвеститорите се појавија стравувања дека брзиот развој на вештачката интелигенција може да ја намали потребата од традиционални безбедносни решенија. Виздом Три Сајберсекјурити ЕТФ (WisdomTree Cybersecurity ETF) забележа пад од речиси 27 проценти на годишно ниво во најлошиот момент, околу четвртиот месец, што го одрази негативното расположение што ја зафати целата индустрија.
Дополнителен поттик за распродажбата дојде во февруари кога „Антропик“ (Anthropic) го претстави Митос (Mythos), модел на вештачка интелигенција способен да идентификува и искористи безбедносни ранливости во сите главни оперативни системи и веб-прелистувачи. Пазарот ја виде новата функционалност како потенцијално нарушувачка за постојните безбедносни платформи, а реакцијата на инвеститорите беше брза и изразена.
Берзански преглед: Сите во возот на Маск
Минатата недела беше речиси невозможно да се отвори весник, да се вклучи телевизија или да се пребарува на интернет, а да не се слушне или прочита нешто за првата јавна понуда на акции (ИПO) на компанијата „Спејс екс“. Со најголемото ИПO на сите времиња, компанијата се вброи меѓу најголемите јавни компании, а нејзиниот основач Илон Маск стана првиот билионер во светот.
Веќе првиот ден на тргување „Спејс екс“ се издигна меѓу највредните јавни компании, а на инвеститорите во рекордната јавна понуда од 75 милијарди долари им донесе 19 отсто принос. Сепак, берзанскиот дебитант не значеше само триумф за поддржувачите на вселенската компанија на Маск, туку и олеснување за поширокиот пазар на акции, кој оваа година во голема мера беше поттикнат пред сè од ентузијазмот за вештачката интелигенција.
Зошто инвеститорите во несигурни времиња избираат ЕТФ-ови и каде најчесто грешат
Додека секојдневно ги следиме насловите за војните во Украина и на Блискиот Исток, напнатостите околу Тајван и забрзаното вооружување на Европа, за инвеститорите едно прашање станува сè поважно - како да го зачуваат и зголемат капиталот во свет во кој геополитичката неизвесност стана многу извесна. Тоа беше тема на вебинарот „Инвестирање во време на конфликти: како геополитичките ризици ја менуваат логиката на ЕТФ-овите“, што оваа недела го организираше „Блумберг Адрија“.
Следењето на инфлацијата, одлуките на централните банки и економските циклуси отсекогаш било составен дел од инвестирањето, но последниве години е невозможно да се анализира берзата без поглед на геополитичката глобална мапа. Во светот моментално беснеат повеќе од 50 конфликти, што е најмногу од Втората светска војна. Затоа, ако само една ракетна салва може во миг да ја потресе цената на нафтата, тогаш инвеститорите, заради заштита, со право избираат ЕТФ фондови. Покрај тоа, со вложување во овие фондови тие се приклучуваат на вагонот на долгорочните глобални тенденции.
Волстрит добива пристап до нови модели за катастрофи што предвидуваат војни
Додека Волстрит брза да ја вклучи војната во своите ризични сценарија, истите луѓе кои моделираат природни катастрофи сега ја приспособуваат својата методологија за да им помогнат на инвеститорите, банките и осигурителните компании да предвидат воени конфликти.
Од 2008 година бројот на земји вклучени во надворешни конфликти речиси се удвои на нешто над 100, додека економското влијание на насилството сега изнесува речиси 22 билиони долари, според Институтот за економија и мир. Тоа е еквивалент на повеќе од 10 отсто од светскиот бруто домашен производ.