Заклучно со мај годинава македонските граѓани и компании во банките имале вкупни депозити од 609,1 милијарди денари (околу 9,9 милијарди евра), што е месечен раст од 1,4 проценти, којшто се должи на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на корпоративниот сектор, покажуваат податоците на Народната банка. Годишниот раст изнесува 12,2 проценти и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.
Во мај 2025 година, вкупните кредити издадени од банките на физички лица и на компании изнесувале 514 милијарди денари (8,3 милијарди евра), што е зголемување за 1,1 проценти на месечно ниво, поради зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.
„На годишно ниво вкупните кредити остварија раст од 12,1 проценти, којшто е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор“, информираат од Народната банка.
Прочитај повеќе

Златна треска на Волстрит: Банките заработија 500 милиони долари поради стравот од царини
Ова се најдобри резултати постигнати во последните пет години
10.06.2025

Колку заработуваат директорите на најголемите македонски банки?
Анализираме колку профитирале самите топ менаџери од рекордните добивки на македонските банки.
05.06.2025

Компаниите и граѓаните „гладни“ за кредити, банките ќе ги олеснуваат кредитните услови
Во текот на првиот квартал од 2025 година, банките укажуваат на посилно олеснување на вкупните кредитни услови кај домаќинствата, во споредба со четвртиот квартал од 2024 година.
16.05.2025

На банките им оди одлично, но 2024 година нема да им се повтори
Европските пазари на капитал имаа солидна 2024 година.
22.04.2025

Бум на акциите на европските банки во 2025 година, македонските „се испукаа“ лани
Акциите на европските банки пораснаа во просек за 27 проценти во 2025 година, но македонските банки не го следат тоа темпо.
26.03.2025
Оттаму додаваат дека во мај, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 2,7 проценти на месечна основа. Нагорната промена во најголем дел се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, при раст и на депозитните пари и долгорочните и краткорочните депозити во денари, во услови на пад на долгорочните депозити во странска валута. Годишниот раст изнесува 12,4 проценти и во поголем дел е резултат на зголемените краткорочни депозити во денари, депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад на долгорочните депозити во странска валута.
Кредитите на корпоративниот сектор во мај забележаа месечно зголемување од еден процент, при годишен раст од 14,3 проценти. Притоа, месечната и годишната промена во целост произлегува од растот на кредитирањето во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.
Во мај, вкупните депозити на домаќинствата се зголемени за 0,8 проценти на месечна основа. Притоа, растот произлегува од зголемените краткорочни депозити во странска валута, долгорочните и краткорочните депозити во денари, долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари. На годишна основа, растот изнесува 13 проценти и во поголем дел се должи на растот на депозитните пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување.
Кредитите на домаќинствата, овој месец, остварија раст од 1,3 проценти на месечно ниво, при годишен раст од 10,1 проценти. Промената кај двете основи се должи на повисокото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.
Во мај, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 1,2 проценти, соодветно, при годишен раст од 9,6 и 14,4 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 1,6 и 0,7 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад од 0,2 и 8 проценти, соодветно. Негативните салда на тековните сметки, во мај, остварија месечен раст од 4,8 проценти, при годишен пад од 2,3 проценти. Овој месец, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5 и 9 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...