text size
Австриската „Рајфајзен банка“ (Raiffeisen Bank International – RBI) во петокот соопшти дека по истекот на дополнителниот рок за прифаќање на понудата за преземање на „Адико банка“ (Addiko Bank AG), биле доставени изјави за прифаќање за вкупно 18.688.243 акции, што претставува 96,79 отсто од сите акции опфатени со понудата. По завршувањето на трансакцијата, РБИ би требало да поседува 95,74 отсто од вкупниот акционерски капитал на „Адико“.