text size
НЛБ групацијата за девет месеци од оваа година остварила приход од 563,7 милиони евра, што е 13 отсто повеќе во однос на истиот период во 2021 година, покажуваат податоците кои ги објави компанијата и ги достави до берзата во Љубљана. Од нив, нето приходите од камати изнесуваат 353,1 милиони евра, што е 17 отсто повеќе во однос на истиот период од 2021 година. Растот се должи главно на поголемиот обем на кредити со повисоки каматни стапки, велат од банката.