text size
„Хјундаи“ (Hyundai Motor Group) и „СК он“ (SK On Co.) ќе потрошат дури пет милијарди долари во Северна Америка за производство на батерии за електрични автомобили, бидејќи законот за климатски промени на претседателот Бајден ги охрабрува компаниите што се дел од синџирот на снабдување со делови потребни за производство на електрични возила да инвестираат таму.