text size
Расте бројот на фирми управувани од жени кои престануваат да работат. Во изминатите две години, според официјалните податоци, 1000 фирми повеќе згаснале отколку што се отвориле. Податоците се однесуваат на 2020 и 2021 година, значи времето пред последната, енергетска криза, вели за Блумберг Адриа ТВ, Валентина Дисоска, претседателка за Здружението на бизнис жени.