„Рајфајзен банка интернешнал“ (Raiffeisen Bank International AG, RBI) објави доброволна јавна понуда за преземање контрола, во согласност со член 25а од австрискиот Закон за преземања, упатена до акционерите на „Адико банка“ (Addiko Bank AG), за стекнување на сите издадени и неподмирени акции на „Адико“ без номинална вредност.
Понудата во моментов е условена со доброволен минимален праг за прифаќање од повеќе од 75 отсто од сите издадени акции на „Адико“.
„РБИ“ сега има намера да го намали минималниот праг за прифаќање. Предлог-измената на понудата беше доставена до Австриската комисија за преземања на 6 јули 2026 година и моментално е во постапка на разгледување.
Прочитај повеќе
Рајфајзен не се повлекува од прифатените понуди за акциите на „Адико“
РБИ објави дека, на 29 јуни, примила изјави за прифаќање кои се однесуваат на вкупно 9.890.151 акции на „Адико“, што одговара на 50,72 проценти удел во сите издадени акции.
01.07.2026
„Алта Груп“ потврди дека не ги повлекува акциите на „Адико банка“ понудени на „Рајфајзен“
„Рајфајзен“ соопшти дека заклучно со 22 јуни примила изјави за прифаќање кои се однесуваат на вкупно 9.890.151 акција на „Адико банка“, што одговара на 50,72 проценти од сите издадени акции.
24.06.2026
Борбата за „Адико“ влегува во завршница во корист на „Рајфајзен“
„Рајфајзен банка“ објави дека обезбедила поддршка од акционери што поседуваат повеќе од 50 проценти удел.
10.06.2026
Борба за „Адико“ - „Рајфајзен“ обезбеди една третина од акционерите
Словенечката НЛБ нуди цена од 33,50 евра по акција во споредба со 26,50 евра на „Рајфајзен“.
03.06.2026
Битката за „Адико банка“ се разгорува, „НЛБ“ ја качи понудата на 33,5 евра по акција
Новата цена е за 26,4 проценти повисока од понудата објавена од „Рајфајзен Банк Интернешнл“ (RBI) кон средината на мај.
01.06.2026
НЛБ или „Рајфајзен“? Еве кому „Алта груп“ ќе ги понуди своите акции во „Адико банка“
Компанијата ќе понуди речиси 9,7 проценти од акциите на „Адико банка“ како дел од понудата
16.05.2026
Да потсетиме, законскиот минимум изнесува 50 отсто, а „РБИ“ уште пред неколку недели потврди дека поседува повеќе од 50 отсто од акциите на „Адико“.
Обезбедија поддршка пред истекот на рокот
„РБИ“ на 10 јуни соопшти дека остварила значителен напредок во преземањето на „Адико банка“, обезбедувајќи поддршка од акционери кои поседуваат повеќе од 50 отсто од акциите.
Според соопштението, австриската банкарска групација до 9 јуни во 9:30 часот собрала изјави за прифаќање за вкупно 9.831.951 акција, што претставува удел од 50,42 отсто од капиталот.
„Тоа вклучува 1.878.167 акции на ‘Адико’ во сопственост на ‘Алта групација’ (Alta Group d.o.o.), што претставува 9,63 отсто од сите издадени акции на ‘Адико’“, соопштија.
Овој развој на настаните дополнително ја заострува битката со словенечката „Нова љубљанска банка“ (NLB), која на 16 јуни ја зголеми својата понуда за преземање на „Адико“ на 37 евра по акција.
Борба за преземање
Да потсетиме, додека „РБИ“ нуди 26,50 евра по акција, „НЛБ“ ја зголеми својата понуда на 37 евра по акција. И покрај разликата во цената, Управниот одбор на „Адико банка“ првично им препорача на акционерите да ја прифатат понудата на „Рајфајзен“, но таа препорака ја повлече на 26 јуни.
Во соопштението се наведува дека Управниот одбор на „Адико банка“ сега не препорачува ниту прифаќање ниту одбивање на понудата на „РБИ“. Истовремено, одборот одлучи да не ја менува својата претходна оценка за понудата на „НЛБ“ и, исто така, не препорачува ниту нејзино прифаќање ниту одбивање, и покрај тоа што финансиски е поповолна, бидејќи е неизвесно дали подобрената понуда ќе биде успешна со оглед на условите што ги содржи, особено барањето за прифаќање од најмалку 75 отсто од акционерите.
Значајна поддршка за австриската понуда даде „Алта“ (Alta Group d.o.o.), која поседува 9,63 отсто од акциите на „Адико банка“. Компанијата беше меѓу првите што ја прифатија понудата на „РБИ“, со што значително придонесе за досега обезбедениот удел од 50,42 отсто.
Рокот за прифаќање на двете понуди истекува на 22 јули, што остава доволно време за натамошни потези и одлуки на преостанатите акционери.