text size
Корпорацијата „Мајкрософт“ (Microsoft Corp) вчера потпиша документација за ветување дека ќе испорачува игри како „Кол оф дјути“ (Call of Duty) на платформите на „Нинтендо“ (Nintendo Co) во текот на една деценија. Тоа е потег дизајниран да ги намали стравувањата на регулаторите за предложеното преземање на „Активижн бизард“ (Activision Blizzard Inc).