text size
„Мерцедес Бенц“ (Mercedes-Benz Group AG) претстави електрично возило со поголем досег од кој било модел на „Тесла“ на пазарот, со што германскиот производител на луксузни автомобили ги интензивира своите обиди да го предизвика Илон Маск. Компанијата го претстави производствениот концепт на својот седан „CLA“, кој може да помине повеќе од 750 километри со едно полнење, победувајќи го редизајнираниот „модел 3“ на „Тесла“. Ова е првиот автомобил на „Мерцедес“ базиран на својата претстојна електрична платформа, со систем на батерии што може да додаде 400 километри досег за само 15 минути полнење.