text size
„Меркатор“ потпиша договор за преземање на 100 отсто од уделот во словенечката компанија „Енгротуш“, која управува со трговскиот синџир „Туш“, соопштија во средата од „Фортенова груп“, сопственик на „Меркатор“. Станува збор за еден од најголемите продажни синџири во Словенија, а со потпишувањето на договорот започна и постапката за добивање одобрение од словенечката агенција за заштита на конкуренцијата.