text size
Нова љубљанска банка (НЛБ) е подготвена да се прошири во земјите од Западен Балкан во наредните години, на што веќе укажа и стекнувањето на „Самит лизинг“. Како што објави „Блумберг“, банката е во „преземачка треска“ во последните пет години, бидејќи се натпреварува со унгарската „ОТП банка“ и го зајакнува своето присуство во Западен Балкан; не е присутна само во Хрватска. Таа би сакала да влезе таму, но проблемите од минатото засега ја спречуваат во тоа.