text size
„Нова љубљанска банка“ (НЛБ) склучи купопродажен договор за купување стопроцентен удел во „СЛС Холдко“ (SLS Holdco), матичната компанија на „Самит лизинг“ (Summit Leasing) и нејзините подружници, од фондовите што управуваат со филијалите на „Аполо глобал менаџмент“ (Apollo Global Management) и Европската банка за обнова и развој. Индиректно тие станаа сопственици на „Мобил лизинг“ (Mobil Leasing), кој има дозвола за работа на хрватскиот пазар.