text size
Од доброволните осигурувања најпродавано останува осигурувањето имот, со вложувања од три милиони евра за еден месец, пред каско-осигурувањето со два милиони евра и здравственото осигурување со 1,7 милион евра. Јули е рекорден според продажбата на неживотно осигурување пред сè затоа што значајно расте продажбата за задолжителното автомобилско осигурување, а тоа е резултат на регистрирани над 85.000 возила за само еден месец, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).