Во две блок трансакции со вкупна вредност од 454 милиони денари (околу 7,3 милиони евра) денеска на Македонската берза се продадоа 33.117 акции од „Македонијатурист“. Акциите претставуваат 7,32 проценти од основната главнина на друштвото.
Во првата блок трансакција вредна 434,5 милиони денари (околу седум милиони евра) се продадоа 31.117 акции коишто претставуваат 6,88 проценти од основната главнина на друштвото. Акциите се продадоа по цена од 13.964 денари за акција.
Во втората блок трансакција вредна 20,4 милиони денари (околу 331.000 евра) се продадоа 2.000 акции коишто претставуваат 0,44 проценти од основната главнина на друштвото. Акциите во оваа блок трансакција се продадоа по цена од 10.200 денари за акција.
Прочитај повеќе
„М.Г.Фешн“ продаде 15.000 акции од „Македонијатурист“
Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 23 декември годинава компанијата поседуваше 7,69 проценти од вкупниот број акции од „Македонијатурист“.
26.12.2024
„Скопски пазар“ и „Промедика“ ја зголемија сопственоста во „Македонијатурист“
По најновите промени во сопственичката структура во „Македонијатурист“, „Скопски пазар“ ја зацврсти позицијата како најголем поединечен акционер во компанијата.
12.12.2024
Продадени 13 блока акции од „Македонијатурист“ за 9,8 милиони евра
Продолжува низата мултимилионски блок трансакции со акциите на компанијата од изминатиов период.
02.12.2024
„Современ дом“ и „Скопски пазар“ го купија пакетот акции од „Македонијатурист“ за 7,3 милиони евра
Акциите се продадоа преку моделот „се или ништо“ по почетната цена од 10.150 денари по акција и со тоа двете компании се стекнаа со 9,83 проценти од основната главнина на друштвото.
28.11.2024
На берзанска аукција се продадоа акции од „Македонијатурист“ за 7,3 милиони евра
Акциите се продадоа преку моделот „се или ништо“ по почетната цена од 10.150 денари по акција.
27.11.2024
Кулминација на битката за „Македонијатурист“: На аукција ќе се понудат 44.449 акции од компанијата
Во среда ќе се понуди за продажба пакет што претставува 9,83 проценти од основната главнина на друштвото.
25.11.2024
Соња Бибановска ги продаде акциите од „Македонијатурист“ за 9,1 милиони евра
Минатата недела беа продадени 50.953 акции коишто претставуваат 11,27 проценти од основната главнина на друштвото.
04.11.2024
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека во „Македонијатурист“ подолг период има обиди за окрупнување на сопственичкиот капитал кои резултираа со промена во структурата на сопственици. Според податоците на Централниот депозитар, заклучно со денеска пред да бидат заведени промените од денешните блок-транскации, меѓу акционерите што поседуваат над пет проценти од акциите се „Скопски пазар“ (19,73 проценти), „Промедика“(11,45 проценти), Доне Таневски (10,69 проценти), Симеон Павлов ( 10,47 проценти), „Македонијатурист“(10 проценти) и „Чезакомерц“ (6,23 проценти).