Собранието на акционери на „Макпетрол" на вчерашната седница донесе одлука за дивиденда да се издвојат вкупно 424.804.800 денари (6,9 милиони евра) односно бруто износ од 4.200 денари (68 евра) за една акција.
„За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 13.6.2025 година. За прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 16.6.2025 година. Исплатата на дивиденда ќе се изврши до 30.9.2025 година“, соопшти компанијата.
Станува збор за рекордна сума за исплата на дивиденда по акција ако се земе предвид дека за 2023 година компанијата исплати 3.700 денари за акција, а за 2022 година исплати 3.300 денари за акција.
Прочитај повеќе

Кој е кој на нафтениот пазар во Македонија?
Во 2024 година најмногу е увезено дизел гориво, односно 67,66 проценти од вкупниот увоз, потоа следуваат моторните бензини со 13,29 проценти.
20.05.2025

Ранг листа: Невиден раст кај одредени акции на Македонската берза
Веќе се покажува дека 2025 година ќе ја дочекаме со повеќе рекорди во однос на растот на вредноста на акциите.
12.12.2024

Време на дивиденди: Кои акционери ќе се насмевнат, а кои ќе бидат поднамуртени?
Од вкупно десет компании што го сочинуваат индексот МБИ10, пет одлучија да ја зголемат дивидендата во однос на 2023 година.
07.05.2025