Српската „Алта Груп“ до Комисијата за заштита на конкуренцијата доставила известување за концентрација преку која сака да стекне контрола над „Стопанска банка Битола“. Од Комисијата информираа дека „Алта Груп“ има претежна дејност друго монетарно посредување, како и дека „Стопанска банка Битола“е една од регионалните комерцијални банки на македонскиот пазар со долга историја на деловна активност и силно присуство во областа на финансиските услуги, вклучувајќи прибирање депозити, одобрување кредити, платен промет, електронско банкарство и други придружни банкарски активности.
„За потребите на оценка на предметната концентрација, подносителот на известувањето предлага релевантниот пазар на производи да се дефинира како пазар на пружање на банкарски услуги, а релевантниот географски пазар да се дефинира како територијата на Македонија. Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана“, соопшти КЗК.
Оттаму ги повикуваат заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата.
Прочитај повеќе

„Втора среќа“ за „Стопанска банка Битола“: Ќе има ли нов играч во банкарскиот сектор?
„Стопанска банка Битола“ лани оствари добивка по оданочување од 163,17 милиони денари (2,6 милиони евра), што претставува значајно подобро остварување споредено со истиот период од минатата година.
27.05.2025

Српската „Алта груп“ сака да ја преземе „Стопанска банка Битола“
Понудата за преземање до 100 проценти од обичните акции со право на глас ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција.
21.05.2025

„Стопанска банка Битола“ ја почна 2024 со загуба, а ја заврши со добивка
Остварена добивка од 2,6 милиони евра во минатата година.
16.01.2025
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше српската групација сака да преземе 100 проценти од обичните акции со право на глас издадени од македонската банка по цена од 3.777 денари по акција. Посебно е интересно што понудата за преземање, која би требало да се официјализира откако ќе бидат реализирани сите потребни регулаторни барања, доаѓа неполна година откако неуспеа обидот на „Комерцијална банка“ да ја преземе „Стопанска банка Битола“.
Имено, На 26 август минатата година „Комерцијална банка“ објави понуда за преземање на 100 проценти од акциите на „Стопанска банка Битола“ по цена од 3.200 денари по акција. Понудената цена беше приближна на цената по која во тој период се тргуваа акциите на банката на берзата. За да биде успешна понудата беа потребни минимум 67 проценти плус една акција, што е релативно висок праг. За понудата на „Комерцијална банка“ позитивно се изјаснија 149 акционери во чија сопственост биле вкупно 176.154 обични акции, што претставува околу 45 проценти од вкупно издадените обични акции на „Стопанска банка Битола“. На крајот на септември минатата година понудата за преземање беше прогласена за неуспешна со што се затвори целокупната постапка.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...