text size
НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари (скоро 490.000 евра) со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4 проценти и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат, соопштија денеска од банката.