„Макстил“ во првата половина од годината оствари позитивни финансиски резултати благодарение на производството кое ги надмина плановите на компанијата. Производството на дебели лимови бележи раст од 5 отсто во однос на истиот период лани, а производството на челичанските слабови во извештајниот период е намалено за 10 отсто, но бележи раст во однос на плановите на компанијата за 7 отсто.
Во овој период се остварени приходи од работење во износ од 4,64 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со 93 отсто. Споредено со истиот период од 2024 остварените приходи од работењето се повисоки за 14 отсто.
Во првите шест месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 4,02 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 90 отсто. Споредено со истиот период во 2024 година остварените расходи од работењето (3,61 милијарди денари) се повисоки за 11 отсто.
Прочитај повеќе

„Макстил“ веднаш ги бара назад парите од солидарниот данок
Компанијата во 2023 година плати 4,3 милиони евра за таа намена, што беше најголем износ.
12.02.2025

Државата треба да им врати на компаниите 50 милиони евра
Солидарниот данок падна на Уставен суд.
05.02.2025

Кинескиот челик ја вала Европа, а виетнамскиот Македонија
Додека европските челичарници бараат мерки против кинеската конкуренција, за македонските извозници проблем е Виетнам.
18.11.2024

Сурова зима за челичната индустрија: Што значи тоа за македонските компании?
Цената на железната руда трпи големи промени во последните три години.
26.08.2024
„Добивката пред оданочување во извештајниот период изнесува 384 милиони денари, и бележи зголемување во споредба со остварената во првото полугодие од 2024, додека нето добивката изнесува 344 милиони денари, и е зголемена во однос на остварената за истиот период во минатата година. Зголемувањето на добивката се должи на оприходување на данокот на солидарност што беше признаен како трошок во 2023 година“, стои во извештајот.
Солидарен данок
„Макстил“ плати солидарен данок во износ од 4,3 милиони евра, најмногу од сите компании во земјава. Оваа вонредна давачка ја платија компаниите кои за време на енергетската криза во 2022 година остварија приходи од над 10 милиони евра. Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.
Сепак, на почетокот на оваа година Уставниот суд го укина решението со кое на компаниите им се наметна давачката, а државата доби обврска да ги врати парите.
Прогнози за следниот период
Во периодот кој следи не се очекуваат позначајни промени во делот на продажните цени и трошоците за производство, односно продажните цени се очекува да го следат веќе започнатиот тренд.
Компанијата смета дека челичната индустрија во 2025 ќе продолжи да се соочува со структурни предизвици и потреба од трансформација.
„Производствените капацитети растат, но нивната искористеност се очекува да достигне 70 отсто, главно поради засилената конкуренција од азиските земји, особено од Кина, која бележи рекорден извоз од над 118 милиони тони челик. Како одговор, многу региони, меѓу кои и Европската унија спроведуваат антидампинг мерки, воведуваат царини и активираат механизми како CBAM (Механизам за гранично приспособување на јаглеродните емисии), со цел да се намали увозот на челик со висок јаглероден отпечаток и да се заштитат домашните производители“, наведува компанијата.
Во фокусот на индустријата во 2025 се ставени декарбонизацијата, енергетската ефикасност и инвестициите во зелени технологии. Европската комисија активно работи на акциски план за создавање конкурентна, одржлива и дигитализирана челична индустрија, со поддршка за достапни енергетски извори и стабилност на цените. Се отвораат можности за обновување на секторот преку примена на нискојаглероден водород, циркуларна економија и иновации.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...